Корона и работното место: HR ги нема сите одговори и тоа е во ред!

од 24HR

Ова е одлично време да се експериментира и ужасно време да се прават било какви планови.

Колку брзо се менуваат работите во вашата организација? За некои промената е бавна и тешка, за други пак е планиран процес и се случува глатко. Секоја организација и секоја индивидуа се справува со промените на различен начин.

Ако научивме нешто изминативе 5-6 месеци тоа е дека не секогаш можеме да ја контролираме промената, со кој интензитет и кога ќе се случи. Немаше простор за транзиција, немаше простор за прилагодување, едноставно се случи. Преку ноќ се смени секоја работна позиција и секој вработен се соочи со нова реалност.

Креиравме нови правила, нови процедури, нова нормала…

Но, не, сè уште не можеме да зборуваме или да прифатиме нова реалност. Сè уште немаме целосно разбирање на проблемот. Сè уште патуваме и не знаеме која и каква ќе биде крајната дестинација. Оваа промена не влијае на сите луѓе и бизниси еднакво и затоа не можеме да прифатиме дека ова е новата реалност, дека ова е тоа.

Оваа реалност е привремена. Ова е одлично време да се експериментира и ужасно време да се прават било какви планови.

За сега мора да продолжиме да се справуваме со секојдневието вакво како што е, непредвидливо, да го решиме следниот проблем со кој ќе се соочиме и да внимаваме која е промената која е направена, каква друга промена треба да направиме и што е најдобрата работа да се направи за луѓето и нашите организации сега и тука. На иднината ќе мислиме понатаму.

 

За авторот:


Билјана Алампиоска Андреевска e HR Менаџер во Некстсенс. Нејзиното искуство како HR генералист, но и интернационален регрутер ја прави сеопфатен HR професионалец кој ги искусил различните аспекти на професијата. Ја интересираат иновативни концепти за тоа како HR може да придонесе за унапредување на организацијата во целост.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...