Кога е време да вработите HR Менаџер?

од 24HR

Некои HR професионалци сугерираат дека е потребно да имате менаџер за човечки ресурси веднаш штом бројот на вработени ќе надмине 30.

Со брзиот развој на индустријата за HR софтвер во последните 5 години, се чини дека е полесно од кога било да се организираат и да се ракува со функциите поврзани со персоналот, вработените, платите или бенефициите и слично. HR функциите, исто така, можат лесно да се испорачаат од надвор (аутсорсинг). Сето ова наметна мислење дека малите бизниси и стартап компаниите можат да преживеат и без внатрешно лице за човечки ресурси. Но, дали е тоа навистина така? И кога е вистинското време да се доведе лице одговорно за HR и конечно да се признае дека мислата „можам да го направам тоа и сам“ е всушност заблуда?

Постојат повеќе од неколку индиции кои можат да ве натераат да започнете да го барате вашиот HR професионалец, но пред да ги именуваме, многу е важно да се спомене дека во малите компании сопственикот е лицето кое управува со културата и вредностите во компанијата и тој или таа сака да ја препознае истата страст и кај луѓето што доаѓаат во неа. Значи, сеопфатното разбирање на вештините на луѓето се чини дека е клучно овде бидејќи го диктира развојниот правец на организациската структура. Многу е полесно за потенцијалниот HR менаџер да ги следи вредностите на сопственикот (организациските) ако структурата е поставена уште на почеток.

Некои HR професионалци сугерираат дека е потребно да имате менаџер за човечки ресурси веднаш штом бројот на вработени ќе надмине 30 затоа што од таа точка, сигурно ќе забележите недостаток на специјализирано знаење кое е клучно за да ја одржите вашата компанија конкурентна, а не во конфликт со правата на вработените или законот за работните односи. Исто така, постојат неколку вообичаени индикатори кои можат да ви помогнат да ја мапирате вашата позиција.

Ако препознаете некои од следните ситуации, тогаш дефинитивно е време да дигнете раце и да ја отстапите работата на професионалец за човечки ресурси:

  1. Бројот на вработени рапидно расте (на пример: не можете да се сетите на имињата на некои вработени)
  2. Не можете повеќе да се справувате и да ги решавате сите проблеми поврзни со работните односи (или дури можеби имате една или повеќе тужби кои ви се закануваат)
  3. Отворате претставништво на друга локација
  4. Програмите за компензација и бенефиции стануваат неорганизирани
  5. Процесот на вработување станува долг, комплициран и тежок за завршување
  6. Трошоците за вработување на HR професионалец се чинат пониски од трошоците за аутсорсинг (ангажирање на професионална компанија за HR услуги)

Се разбира, многу мали компании работата им ја препуштаат на надворешните компании за HR услуги, а за голем дел од нив тоа функционира. Сепак, треба повторно да размислите и да одлучите дали тоа е вистинскиот избор за вашата брзорастечка деловна активност. Или, можеби, да имате лице за човечки ресурси во вашата компанија што би значело да имате некој кој ќе биде тесно поврзан со вашите вработени, деловната стратегија и целите, организациската култура и вредностите на вашата компанија. Бидејќи ова се клучните предуслови за успешно работење: пронаоѓање на вработени кои целосно се вклопуваат во компаниската култура, обезбедување на значителен професионален развој, грижа за нивните потреби и мотивација, објективно следење на нивните перформанси, притоа справувајќи се со разни бихејвиорални и етички проблеми што се јавуваат по пат.

Доколку вашата компанија е исто толку вредна колку и луѓето кои работат во неа, тогаш имањето на инсајдер што се грижи за луѓето додека компанијата расте, се чини повеќе како одлична инвестиција, отколку трошок.

Авторскиот текст може да го прочитате на следниот линк

 

За авторот:


Оливера Анџелковиќ е извршен директор и кариерен консултант во Olivera Coaching & Consulting со седиште во Хаг, Холандија. Позади неа има над 20 години кариера и меѓународно искуство во администрација, човечки ресурси, талент менаџмент, маркетинг и издаваштво и повеќе од 35 реализирани административни, организациски и HR проекти. Нејзината страст лежи во помагање на поединците да ги надминат своите професионални предизвици и да растат, така што во моментов е примарно фокусирана на својата улога како кариерен советник за клиенти од целиот свет. Таа поседува диплома за магистерски студии по меѓународен менаџмент од Универзитетот во Ливерпул (Велика Британија).

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...