Креирање на тим во време на криза

од 24HR

Пишува Јулијана Миновска, HR Директор на The HeadHunter во Македонија

Се сеќавате ли како изгледаше светот на почетокот на март 2020 година? Тоа беше пред само неколку недели, иако се чувствува како да поминале неколку животни векови оттогаш. На глобално ниво, ние сме турнати во еден нов свет. Како менаџер на регрутерската компанија The HeadHunter, едно од прашањата кои најчесто ги добивам од клиентите е „Што да правиме во врска со нашите планови за вработување?“.

Бев разлика дали компаниите планирале да ангажираат нови вработени поради ширење на бизнисот или само да пополнат една или две клучни позиции, ова е критично прашање без лесен одговор бидејќи тие вработуваат и сега во услови на криза предизвикана од пандемијата COVID-19.

Како што разговарав со менаџерите и лидерите во изминатите неколку недели, погодена сум од тоа колку лични можат да бидат овие избори. Нашите краткорочни одлуки имаат големо влијание врз луѓето кои се витална искра во нашите компании – и оние што веќе ги ангажиравме, но и оние што имавме планови да ги ангажираме во наредните недели или месеци. Треба да внимаваме на нашите луѓе во исто време како што внимаваме на нашите компании; ние сакаме да продолжиме да инвестираме во раст, додека и натаму сме претпазливи за тоа што ќе дојде следно. Прашањето е како да се балансира?

Движењето кон аналитичка рамка или one-size-fits-all пристап кон вработувањето во услови на криза е многу покомплексно од тоа. Наместо тоа, би сакала да споделам некои од прашањата што си ги поставуваме себеси и им ги предлагаме на нашите партнери да ги разгледаат. Се надеваме дека тие, исто така, ќе ви помогнат да размислите за вашите сопствени планови.

Како што ги разгледувате вашите следни чекори, предлагаме да размислите за следните три точки поврзани со вработувањето во услови на криза:

1. Влијанието врз компанијата
2. Детали за позицијата
3. Трошоци за започнување отпочеток

Влијанието врз компанијата: Дали вашата компанија ќе биде засегната, колку длабоко и колку долго?

Глобалното економско забавување е реално и голем број компании се соочуваат со тешки времиња. Како и да е, во моментов постои голема разлика помеѓу компанија што всушност може да забележи пораст на бизнисот (на пр. компанија за производство на средства за дезинфекција на раце) и компанија која може да биде трајно оштетена (на пр. авиокомпанија, хотелски ресторан) со огромен опсег на можности во средината.

Лидерите во секоја компанија треба да се обидат да разберат што ќе значи пандемијата COVID-19 за нив и колку долго истата може да трае. Не треба веднаш да размислувате за најлошото сценарио и размислувајте за специфични, а не за општи работи. Вашиот бизнис не е берза; тоа што пазарите одат надолу не значи дека истото ќе се случи и со вашиот бизнис. Некои од најстрогите мерки за социјално растојание и затворање може да поминат за 2 месеци, и сите знаеме дека светот ќе сака што поскоро да се врати во нормала.

Во исто време, добро е да разгледате што значат познатите ризици за вашиот бизнис и за вашата солвентност. Дали верувате дека најлошото ќе заврши во наредните 1-2 месеци? Ако е така, можеби најдобриот одговор за вработувањето во услови на криза е да останете на курсот, размислувајќи за одложени датуми за почеток со работа на новите вработени, секако, доколку тоа ви помогне или е возможно. Со други зборови, колку посериозно сте погодени од кризата, толку посериозно треба да размислувате за замрзнување на барем некои позиции, ако не и подрастични мерки за намалување на трошоците.

Детали за позицијата: Како новото вработување и служи на сегашноста наспроти да создава иднина?

Не треба да се земат предвид сите нови вработувања подеднакво. Постојат неколку димензии по кои може да размислувате за диференцијални пристапи за вработување во услови на криза. На пример, дали ја вработувате личноста за задоволување на некоја краткорочна потреба во производство или на клиентот? Или ја ангажирате личноста за да изградите посилна иднина? Ако вработување луѓе за да им послужат на краткорочните клиенти, а тие краткорочни клиенти можеби не доаѓаат на вашите врати во моментов, тогаш треба да размислите да паузирате. Меѓутоа, ако ангажирате некого за да изгради производ или да ги постави темелите на идниот раст, тогаш ова може да биде одлично време таа личност да ви се приклучи и да работи во вашата компанија.

Ќе споделам пример од нашиот бизнис. Ние сме компанија за регрутација и headhunting. Очекуваме дека на краток рок, регрутирањето е забави, но останува да видиме колку долго ќе трае тоа. Значи, и покрај тоа што планиравме да ангажираме голем број на нови професионалци за регрутација кои ќе им помогнат на нашите клиенти, најверојатно ќе ја паузираме потрагата по нив. Од друга страна, ние сме во процес на ангажирање на постар лидер за поддршка на нашиот клиент, кој смета дека овој период е можност да се контактираат кандидати кои одлично ќе се вклопат во нивната организација.

Трошоци за започнување отпочеток: Колку е тешко да се започне подоцна?

На крајот, но не и помалку важно, вреди да се размисли во која фаза се наоѓа вашиот процес. Ако сè уште не сте го составиле описот на работното место, тогаш имате помалку трошоци доколку се одлучите да паузирате. Од друга страна, ако веќе разговарате со кандидати во финален круг кои само што не добиле понуда за работа, трошоците за започнување од нула се многу реални.

Не присвојувајте менталитет на потонат трошок, но исто така е важно да се запамети дека пронаоѓањето на одлични луѓе е предизвик дури и во добри времиња. Ако најдете кандидати што ви се допаѓаат, нема гаранција дека тие или еквивалентните таленти ќе бидат подготвени да ви се придружат некој следен пат кога ќе бидете спремни да ги вработите. Во овие ситуации, можеби треба да размислите да им дадете понуда, но да се договорите со кандидатот за одложување на датумот за започнување со работа. Иако претпазливоста е соодветна, треба да се осигураме и ние дека ќе го имаме потребниот тим за да се вратиме на бизнисот кога сето ова ќе заврши.

Друга работа: додека ние го правиме она што е правилно за нашиот бизнис, ајде да продолжиме да имаме емпатија за лицата што во моментов бараат работа. Исто како што ова време е застрашувачко за макроекономијата и голем дел од нашите бизниси, многу индивидуи се соочуваат со неизвесност на работното место и нивната професионална иднина. Ајде да ја рашириме истата таа емпатија и транспарентност како што би го направиле тоа кога работите би биле поинакви. Одвојте време да комуницирате јасно со кандидатите кои аплицирале за работното место. Споделувајте ги сите релевантни промени во вашите планови за вработување. Направете се што можете за да понудите совет или повратна информација. Одговарајте на е-пошта, а кога чувсвувате сомнеж, подигнете го телефонот. Сите ние имаме свои проблеми, но времињата како овие, исто така, ни овозможуваат да се собереме и да бидеме најдобри верзии на самите себе.

Ова се комплицирани времиња и теми, и затоа имаме обемни разговори со нашите клиенти кои опфаќаат многу уникатни околности. Доаѓаме до ова со повеќе прашања отколку одговори за вработувањето во време на криза. Каков е вашиот пристап? Што функционира во вашите уникатни околности? Се надеваме дека ќе споделиме повеќе идеи за тоа како да направиме тоа да функционира за вас, како да вработувате и да направите виртуелен onboarding, како да ја зачувате и градите културата во време на неизвесност и многу повеќе… И секако, сакаме да слушнеме за вашето искуство и сакаме да знаеме како може да ви помогнеме.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...