Лидерството е ударниот тон кој ја дефинира културата, вредностите и препознатливоста на една организација во јавноста

од 24HR

Интервју со М-р Димитар Османли за неговата улога на предавач на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ

Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ која започнува на 25 февруари вклучува тренинг програма од 6 модули која на слушателите ќе им помогне да ја развијат вистинската стратегија за Employer Branding во својата компанија. „Лидерство во процесот на Employer Branding“ е називот на последниот модул со кој учесниците ќе ја завршат Академијата, а повеќе на оваа тема ќе дознаеме во интервјуто со Димитар Османли – еден од предавачите на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ.

Зошто е лидерството важно за Employer Branding?

Лидерството во една организација е ударниот тон кој ја дефинира, обликува и идентификува културата, вредностите и препознатливоста на организацијата во очите на вработените и пошироката јавност. Организациите кои се обидуваат да привлечат талентиран кадар врз основа на декларирани вредности, можат тоа да го сторат успешно само доколку тие вредности се персонифицирани во лидерството и препознаени во активностите на организацијата од страна на вработените. Добриот (или лошиот) Employer Branding несомнено започнува со добро (или лошо) Лидерство.

Што е уникатно за модулот за Лидерство на Employer Branding Academy?

Модулот за Лидерство на Академијата за Employer Branding на ВИТА ИНСТИТУТ се бави со спецификите на креирање, одржување и комуницирање на препознатливи вредности на лидерството кои организацијата ја прават автентична и преферирана кај талентираниот кадар. Преку мноштво корпоративни примери овој модул ги анализира и различните модели на организациско лидерство, и на интерактивен начин им нуди на учесниците можност да креираат автентичен модел на лидерство најсоодветен за нивната организација. Воедно ќе примениме техники за проценка на лидерски стилови, како и начини за развој на лидерството, како што е бизнис коучинг за менаџери и лидери, во моментот најприфатена методологија за развој на лидери, покрај различните лидерски програми и обуки.

Какви се состојбите со лидерството кај нас?

Со процесот на глобализација, организациските култури, а следствено и лидерството, стануваат се повеќе еднообразни како кај нас, така и на многу други места во кои претходно функционирале поавтентични културни и лидерски модели. Токму и затоа оваа тема станува се позначајна, бидејќи најчесто кон областа организациско лидерство кај нас обично се приоѓа со „увезени“ модели кои не секогаш функционираат во оваа средина. Во нашата средина сеуште постојат и силни културни специфики кои предодредуваат одредени лидерски профили да бидат позастапени. Културните специфики во однос на локалната работна етика, пол, образование, генерација и слично исто така бараат поавтентичен и полокализиран пристап. Овој модул ќе се позабави токму со тие специфики, и ќе се обиде да ги поврзе со индивидуалните лидерски профили и цели на учесниците.

Кое е вашето искуство во доменот на организациско лидерство?

Личното лидерство го градев преку различни долгогодишни лидерски искуства и улоги кои ги извршувам во континуитет. Во моментот сум посветен на моите ангажмани поврзани со функцијата Извршен Директор на американското друштво Anderson Leonard Pharmaceuticals, LLC од 2018 година и сопственик на  консултантската агенција Инспира Плус базирана во Македонија од 2016 година.

Претходно, би ги издвоил неколку позначајни искуства од оперативен менаџмент, како извршен директор на М6 Едукативниот Центар за корпоративно лидерство од почетокот на 2009 година водејќи ја оваа институција во период на неприкосновен линеарен раст од 9 години, но и лидерски искуства уште порано, како Директор за Развој на American University во Вашингтон, САД, каде управував со тим од неколку десетици линиски менаџери и вработени, каде бев директно одговорен за најголемиот раст на донорски приходи во стогодишната историја на универзитетот.

Не помалку значајни се и членувањата во управувачки тела на финансиски инстиуции и професионални организации. Особено ми се драги моите ангажмани како предавач, денес на темата Лидерство и Employer Branding, во Академијата на ВИТА Институт, а претходно по предметите Маркетинг, Корпоративни Комуникации, Управување со Настани и Развој на Човечки Ресурси во други образовни институции.

Во тек е формирање на новата група на Академијата за EMPLOYER BRANDING, повеќе инфо тука:

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...