Прашањата за лидерство можат да ви помогнат да ги оцените лидерските вештини, искуства и потенцијали на кандидатите за работа.
Лидерството е многу важна вештина на современото работно место. За разлика од порано кога лидерските вештини се бараа само за високи менаџерски позиции, денес тие се неопходни за успех на која било позиција во рамките на организацијата.
Со оглед на тоа што лидерството е повеќе уметност, отколку наука – нешто со кое се раѓаме и го носиме во нашиот карактер – регрутерите се соочуваат со голем предизвик во моментот кога треба да се проценат лидерските вештини на кандидатите.
Па, како да дознаете дали некој кандидат поседува лидерски вештини?
Поставувањето на вистинските прашања за време на интервјуто може да ви помогне да ја пронајдете вистинската личност која ќе го однесе вашиот бизнис на следното ниво.
Подолу, споделуваме 10 прашања кои ќе ви помогнат да ги идентификувате вистинските лидери за време на интервјуто за работа:
- Раскажете ни кога и како последен пат сте решиле некој проблем на вашите вработени или работодавач?
- Кои вредности се најважни за вас како лидер?
- Како се справувате со несогласувања со соработниците?
- Кој е вашиот омилен лидер? Зошто?
- Како реагирате на критики?
- Каква комуникација преферирате повеќе, вербална или писмена?
- На кој начин ги следите перформансите на луѓето што треба да ги водите?
- Како ги мерите вашите сопствени перформанси?
- Кои јаки страни би ги донеле на конкретната работна позиција?
- Колку добро ја познавате нашата организација? Какви промени би сакале да направите ако работевте тука?
Овие прашања ќе ви помогнат да ги идентификувате вистинските лидери за во вашата организација. Имате некое дополнително прашање што сакате да го споделите со нас? Пишете ни во коментар ?
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.