Менаџирање на време и работа под притисок во регрутирањето

од 24HR

Автор на статијата е Ребека Вељанова – Регрутер за човечки ресурси во HMD TRUCKING.

Од секогаш сум била инсирирана да пишувам за овие теми кои се директно поврзани не само со одделот за човечки ресурси туку со секој дел од една организација.

Менаџирање на време како термин се појавува во поновата ера на менаџирање, тоа не значи дека порано не постоел, баш напротив од секогаш е присутен и е многу важен фактор во сите операции, а причината што сега е поприсутен како поим е баш тоа што сè повеќе компании се свесни за неговото значење.

Time management или управување правилно на времето во пракса би го објаснила вака: Во еден работен ден се соочуваш со обврски кои мора да се завршат. За истите реално е потребно 10 часа а ти на располагање имаш 7 часа. Како успешно ќе се справиш со оваа ситуација зависи само од тебе и никој друг. Овде настапува вториот термин работа под притисок или work under pressure кој директно е поврзан со новонастаната ситуација за успешно менаџирање на времето.

Ќе споделам личен пример како јас како регрутер се справувам со еден ваков работен ден. Ми започнува неделата, работам во компанија која е меѓу водечките и е сериозна конкуренција во индустријата на камиони во САД. Самото тоа значи голем обем на работа, но и многу организиран и професионален начин на работа. Кога се соочувам со премногу апликации и интревјуа на кандидати што треба да ги завршам, прво гледам на што можам да добијам на време. Тоа се најчесто технички работи како templates кои можам да ги копирам и соодветсвуваат за сите кандидати. Во ваквите денови кога е присутен притисокот од самото тоа што треба да го менаџирам времето за да можам да завршам сè, знам само едно дека тоа кандидатите што им правам интревју не треба воопшто да го забележат. Со самото тоа нив секогаш ги ислушувам до крај со трпение, и им објаснувам сè детално без воопшто да размислувам колку време ми останало за другиот дел од работата.

После разговорот со кандидатот добивам на време од технички работи што треба да ги завршам кои со текот на праксата веќе ни се многу добро совладани и можеме да ги извршуваме за доста побрзо време од очекуваното.

Генерално, мојата порака би била без разлика за кој департмент од една компанија станува збор кога се појавуваат термините работа под притисок и менаџирање со време многу е важно да примениме техники од нашето секојдневие како: Организираност, трпение, формирање на тим доколку е потребно, формирање на целосна слика за тоа што треба и како треба да биде извршено, максимална концентрација и присуство во моментот, размислување аналитички и согледување однапред на сите аспекти каде нешто би можело да не биде како очекуваното.  Сите овие принципи на работа на крај секогаш даваат добар резултат кој што е од взаемна вредност и на компанијата и на клиентите.

За авторот: 

Ребека Вељанова е регрутер за човечки ресурси во HMD TRUCKING. Специјалист за човечки ресурси. Специјализирана на UACS на тема: Стратегии за мотивирање на вработени.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...