За првпат Скопје ќе биде домаќин на Beyond HR Forum 2021 – централен настан за професионалците од областа на човечките ресурси на кој ќе говорат врвни претставници од корпоративниот и државниот сектор во Македонија.
На 15 јули, во Хотел Мериот во Скопје, за првпат ќе се одржи Beyond HR Forum 2021 кој претставува централен настан во портфолиото на компанијата BeyondHR® и има за цел да ја обедини бизнис заедницата во Македонија, а најмногу HR професионалците кои директно или индиректно управуваат со пазарот на трудот.
На форумот, кој е всушност прв голем HR настан со физичко присуство од почетокот на пандемијата, ќе имате можност да слушнете за најновите предизвици, информации, методи и идеи од светот на човечките ресурси директно преку искуствата на врвни претставници од корпоративниот и државниот сектор во Македонија.
Агендата на Beyond HR Forum 2021 е поделена во четири панели, меѓу кои:
- Образованието како основа за градење на интелектуалниот капитал на компаниите
- Одливот на мозоци – проблем кој може да се надмине со human centric HR методологии
- Хибридното работно место – ново секојдневие на вработените во 21 век или привремена мерка за справување со Ковид-19?
- Агилен HR, како ќе изгледа управувањето со човечките ресурси во пост пандемијата со Ковид-19?
Целта на овој форум е да им овозможи на учесниците да се здобијат со заклучоци и решенија за гореспоменатите предизвици со кои во моментов се соочува корпоративниот свет, како и да произведе иницијативи за нивно надминување по пат на активна соработка помеѓу релевантните чинители.
Наскоро следуваат повеќе информации за говорниците и панелистите на Beyond HR Forum 2021.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.