„Нинџа“, „Волшебник“, „Гуру“: Дали вака треба да гласи еден оглас за работа?

од 24HR

Се чини дека никој повеќе не сака да биде обичен „службеник“ или „соработник“.

Никој повеќе не сака да биде „службеник“ или „соработник“ – или барем така мислат регрутерите во САД, но и во остатокот од светот, и на тој начин експериментираат со нови и креативни наслови на работни позиции кои вклучуваат термини како „нинџа“, „волшебник“ и „гуру“.

Ова го откри најновото истражување на Resume.io кое се потпира на анализирани податоци од над 10.000 огласи за работа објавени на најпознатите сајтови за вработување.

Според сознанијата на Resume.io, три четвртини (74%) од огласите за „хакер“ се однесуваат на позиции во маркетинг (на пример: Growth Hacker). Од друга страна, техничките позиции имаат поголема веројатност да ги носат називите „гениј“, „евангелист“ или „каубој“.

Професионален „Џедај“ сè уште важи за ретка работна позиција бидејќи се пронајдени само 103 описи на работни места во кои е спомната таа вештина и само 2 две позиции кои го носат тој назив.

Ова е листата на 10-те најпопуларни алтернативни називи за работни места во САД:

  1. Шампион (1045 споменувања)
  2. Херој (928 споменувања)
  3. Воин (926 споменувања)
  4. Гуру (870 споменувања)
  5. Рок ѕвезда (849 споменувања)
  6. Хакер (833 споменувања)
  7. Евангелист (822 споменувања)
  8. Раскажувач (779 споменувања)
  9. Гениј (711 споменувања)
  10. Витез (637 споменувања)

Иако употребата на ваквите називи во огласите за работа може да биде нов тренд, се чини дека на кандидатите многу – многу не им се допаѓа оваа идеја.

Во реалноста, огласите кои го содржат терминот шампион одвлекуваат најмалку две третини (69%) од кандидатите кои сакаат да аплицираат. Ова го покажа едно истражување спроведено на 1.000 работобаратели во САД кое имаше за цел да открие како овие „модерни“ термини влијаат на кандидатите и нивната перцепција за работното место.

Понатаму, жените имаат за 30% помали шанси да аплицираат на огласи за „шампиони“ или „генијалци“ отколку мажите, а 38% помали шанси да аплицираат за „гуру“.

Анализирајќи по индустрии, 74% од огласите за „хакери“ се однесуваат на позиции во маркетинг, додека 73% од огласите за „воин„ и 61% од огласите за „херој“ се за работни места во здравството.

Понатаму, 62% од огласите за вработување „евангелист“ се однесуваат на позиции во технолошкиот сектор, а 35% од огласите за „нинџа“ се за работни места во секторите образование и обуки.

Околу 20% од огласите кои содржат „шампион“ или „рок ѕвезда“ се во секторите туризам и угостителство.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...