Откриено: 10 зборови кои најчесто ги пишуваме погрешно во CV

од 24HR

Една неодамнешна студија на TheKnowledgeAcademy покажа дека на месечно ниво на интернет има над 24.000 пребарувања на фразата „how to spell“. Тоа го натера Resume.io да истражи колку често кандидатите грешат кога ги пишуваат вообичаените зборови во своето CV. Па, што мислите вие? Кој збор е најлошиот престапник?

Платформата за изработка на кратки биографии Resume.io анализираше 2.000 CV-а и анкетираше 1.248 испитаници за да дознае каде најмногу се греши при пишување на CV.

Истражувањето покажа дека 41% од испитаниците врз основа на претпоставки одлучувале како да спелуваат одредени зборови во своето CV, а 23% сметаат дека нивното CV е виновно за тоа што не биле избрани за одредена работа.

Од друга страна, речиси тројца од четворица менаџери за вработување (73%) изјавиле дека повторувањето на правописните грешки ќе ги намали шансите да му понудат работа на кандидатот, па дури и да го повикаат на интервју.

Според Resume.io, зборот на кој треба најмногу да се посвети внимание кога се пишува CV е initiative кој бил погрешно спелуван во 32% од анализираните CV-а. Истражувањето покажало дека кандидатите се бунат со бројот на буквите i и затоа се одлучуваат за варијации како inchitive и intatitve.

Иронично, но зборот perfectionist се наоѓа на третото место и истиот бил погрешно напишан во четвртина од разгледаните CV-а. Во овој случај, кандидатите користеле алтернативи како perfactionist и perfectonist.

Понатаму, implemented и corresponding го заземаат 6-тото место со погрешно спелување во 14% од CV-ата.

Achieved е следен збор кој бил погрешно напишан во 9% од разгледаните кратки биографии, а главниот проблем овде е позиционирањето на буквата i, па многумина се одлучуваат за acheved или acheived.

Зборот со најмалку грешки во нашата топ 10 листа е succeeded бидејќи истиот бил погрешно напишан само кај 5% од кандидатите.

Во продолжение е целата листа со најчесто погрешени зборови и нивната застапеност во CV-ата на кандидатите:

  1. Initiative – 32%
  2. Detail-Oriented – 29%
  3. Perfectionist – 25%
  4. Management – 21%
  5. Professional – 17%
  6. Implemented – 14%
  7. Corresponding – 14%
  8. Achieved – 9%
  9. Accurate – 7%
  10. Succeeded – 5%
0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...