Отпор кон промените на работно место – како до решение на проблемот?

од 24HR

Отпорноста кон промени е природна реакција, но постојат начини за нејзино надминување.

За многу луѓе, промените се многу лично и емотивно прашање, особено кога станува збор за промени во нивните бихејвиорални и когнитивни начини на дејствување во работно опкружување. Отпорот кон промените на вработените може да претставува значителни пречка во планирањето и развојот на одреден проект или едноставно промена на компаниската култура.

Отпорноста кон промени е природна реакција. Најчесто кога вработените ќе бидат прашани да променат некои од своите навики во работата, тоа кај нив може да предизвика  непријатност, бидејќи од нив ќе се бараат нови начини на однесување и пристап кон проблемите. Ситуацијата со КОВИД – 19 можеби и најмногу го истакна овој проблем.

Откако ќе се идентификуваат причините за отпорност кон промена, еден од клучните елементи во менаџирањето на истиот е ефикасна и тековна комуникација. Кога ќе се соочите со отпор кон промените кои ги воведувате најбитно е да ги ислушате вработените во однос на тоа  кои се тековните проблеми со кои се соочуваат, од каде и поради што доаѓа отпорот и како да го решите. Многу е битно да ја уважите промената и предностите во работнитот процес кој доаѓаат со неа.

Останати начини за надминување на отпорноста за промени, се следните:

1. Структурирајте го тимот за да зголеми својот потенцијал

Пронајдете ги предностите и слабостите на секој член од тимот. Организирајте еден-на-еден состаноци и утврдете како промената може да му помогне на членот да ги подобри своите лични слабости и истовремено да ги искористи своите јаки страни. Дајте им соодветни улоги и одговорности на членовите на тимот со кои ќе ги искористат нивните вештини за личен потенцијал и тимски развој.

2. Поставете јасни и остварливи цели

Бидете јасни во вашите цели и прославувајте ги иницијативните промени како мали победи и достигнувања. Целите треба да бидат прогресивни и во согласност со вредностите на тимот но исто така треба да придонесуваат и за индивидуален напредок.

3. Решавајте ги конфликтите брзо и ефикасно

Поттикнете отвореност и искреност помеѓу тимот и создатете средина на взаема доверба и почит. За време на промената, напнатоста и тензиите може да растат и потребно да се создаде добар тимски дух. Тимските состаноци ќе помогнат на тимот полесно да ги разберат и ценат своите колеги, а отворената комуникација да придонесе кон колаборативно партнерство.

4. Поттикнувајте иновации и креативност

Оставете простор за фидбек и останете флексибилни додека ја иницирате промената. Охрабрете ги луѓето да бидат креативни и да откриваат решенија за тековните проблеми, а со тоа да станат дел од процесот на промена.

5. Останете позитивни и поддржувачки

За некои луѓе промената може да биде вознемирувачка, иако таа е постојана во околу нас. На тимот им е потребна поддршка од позитивен лидер кој инспирира искрена комуникација, креативност и охрабрување на личниот и тимски развој. Вработените очекуваат лидерите да управуваат со промените, а инспиративните лидери создаваат култура каде промената станува надлежност за сите.

Отпорот е вистинска и очекувана појава кога организациите спроведуваат промени што влијаат на тоа како луѓето ја вршат својата работа. Дури и сите вработени да се свесни дека промената ќе го подобри функционирањето во работниот процес, сепак излегувањето од комфорната зона е предизвик. Стравот од непознатото создава вознемиреност и стрес. Иако овој отпор може да биде влијателен, тој може ефективно да се планира, адресира и ублажува. Со воведување на стратегии за намалување на отпорот, структуирани процеси и желба да се разбере основната причина за истиот, можно е да се надмине природната реакција и истата да транзитира кон поефикасно усвојување на промените.

За авторот:

Елена Милеска е специјалист за човечки ресурси во IT компанијата X3m Labs. По вокација е дипломиран психолог на Филозовски факултет Скопје, а позади себе има околу 3 години работно искуство во човечки ресурси.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...