Патувајте со мене во светот на A1 Future Hub

од 24HR

Како да се подготвиме за (непредвидливата) иднина?

2020-та година не научи дека светот може да се промени преку ноќ, без најава. Иако таа беше многу тешка за сите нас исполнета со многу турбуленции, неизвесности и предизвици, сепак не научи дека искуствата кои се најтешки за нас всушност најчесто ни ги даваат и најголемите можности за подобрување, раст и развој. Еден од моите најомилени цитати е, „Најдобар начин да ја предвидите иднината е да ја создадете“.

Тие што ме познаваат би рекле дека учењето и развојот се моја лична пасија бидејќи само така подготвени би ја пречекале непредвидливата иднина. Учењето и читањето се мои верни другари од најмали нозе и љубопитноста во различни области ме поттикнува постојано да учам нови нешта и на тој начин да го предизвикувам status-quo-то во средината каде работам и живеам. Затоа пресреќна бев кога станав дел од еден мал но амбициозен тим од A1 Македонија и Хрватска, кој имаше една голема цел – да го овозможи и забрза потребното знаење за иднината на сите наши 3.000 колеги во А1.

Како ќе го постигнеме ова?

Работевме напорно за да создадеме интегрирана програма која ќе одговори на потребите и предизвиците на новото време, на забрзаната дигитализација, како и на нашата бизнис стратегија, кои наметнуваат нови вештини и компетнции кои треба да ги совладаме за да останеме конкурентни на работните места.

Ги идентификувавме главните области кои треба да се во главен фокус на нашиот личен развој, а тоа се: 5G, Data Analytics & AI, Process Automation, Digital & Growth Marketing и Agile organization. Покрај овие теми, во наредниот период ќе се фокусираме и на развојот на лидерските вештини потребни за иднината и на основните стручни знаења на нашите колеги.

Засилување на култура за учење не е нешто ново во нашата компанија. Претходната година преку 50k Learning Challenge-от го поттикнваме проактивниот пристап кон учењето на нови вештини, со посебен фокус на дигиталните вештни и заедно остваривме одлични резултати.

Сега одиме чекор напред, но одговрноста за личниот развој е кај секој вработен, кај секој од нас.

Што е А1 Future Hub?

Го воведовме A1 Future Hub, нова, уникатна програма за развој, дизајнирана да го поддржи професионалниот и личен развој на секој вработен во А1 на сите нивоа преку формални обуки. Акцентот е ставен на три клучни области за развој:

  • Future leaders program овозможува подобрување на менаџерските вештини за иднината преку две програми – New managers и Leaders for the Future.
  • Future and Digital Skills program нуди можност за подготовка за нови начини на работа и усвојување на знаење за нови технологии со избор помеѓу три програми: Talent for the Future, Learn Digital Skills и Agile Organization.
  • Expert Essentials program дава можност за стекнување на клучни експертски знаења и „меки“ вештини специфични за одредени функции и сектори.

Но развојот не завршува со програмата, напротив обуките во програмата се само почеток. Редовното истражување на можности за примена и употреба на стекнатите вештини во пракса се неопходен услов за да бидеме подобри и да напредуваме. Учењето е успешно само кога практично ќе се искористи во секојдневната работа.

Која (барем) една вештна ќе ја научите во 2021?

Ви препорачувам да ги земете работите во свои раце и да разговарате со вашиот претпоставен за тоа што ви е потребно за да бидете успешни на вашето работно место. Ова е возбудлив период каде ќе можете да експериментирате со нови алатки и начини на работа. Искористете го престојниот ROAD Dialogue за да се договорите и да го започнете вашето патување во рамките на A1 Future Hub.

Лично за мене работата во овој кластерски проект претставува едно големо искуство, исполнето со многу читање, истражувања на трендови во индсутријата, вложен труд, координации со колеги, директори, партнери (читај маратонски сесии на Teams J), преписки, крајни рокови, солзи, смеа, како и на моменти на гордост после првичниот успешен старт на програмата во двете држави. Но забавата заврши, сега продолжуваме со нашата напорна работа за организација и одржување на самите обуки од програмата. Тука сме со вас да ги славиме заедничките успеси!

Јас знам кои вештини ќе ги научам оваа година, а ти?

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...