При проценка на работното место, потенцијалните вработени посветуваат големо внимание на компаниската култура, откри студијата за брендирање на работодавачи на Институтот Хинџ.
Повеќе од половина (57%) од анкетираните лица во истражувањето изјавиле дека културата на компанијата е подеднакво важна како и платата.
Ова значи дека брендот на работодавачот среде пандемија на Ковид-19 е силен фактор кој може да ги привлече или одврати кандидатите од компанијата.
Покрај културата и компензацискиот пакет, работобарателите даваат значителна вредност и на можностите за напредок, предизвикот кој го носи самата работа и силното лидерство.
Понатаму, истражувањето откри и какви се очекувањата на другата страна, односно што е тоа што регрутерите го бараат кај потенцијалните кандидати. Според нив, најважните фактори кои одредуваат дали некој кандидат ќе ја добие работата се културното приспособување и работното искуство. Техничките и меките вештини се исто така важни критериуми.
Токсичната култура е главна причина зошто добрите вработени си одат
При анализирање на податоците според сениоритет на позицијата, платата и можностите за професионален раст се најважни за лицата кои се наоѓаат на почетокот од својата кариера.
Во меѓувреме, за оние на средно ниво, одлучувачки фактор е платата, а веднаш потоа и културата на компанијата и јасната визија за иднината.
Поискусните кандидати и кандидатите на лидерски позиции ги ставија луѓето / тимот со кој ќе работат во топ 5 одлучувачки фактори за избор на работа, но сепак, главните одлучувачки фактори се платата и културата на компанијата. Овие вработени исто така рекоа дека ја ценат можноста за работа на далечина, иако тоа не претставува одлучувачки фактор.
Истражувањето на Хинџ е спроведено на 1.034 вработени ширум светот кои припаѓаат на 10 индустриски групи.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.