ПОИНАКОВ ИЗБОР

од 24HR

Затоа што 2020 не ни го донесе се она што го посакувавме, но затоа ни донесе нешто поважно, свесност да бидеме благодарни за работите кои ги имаме или ги имавме а кои што ги подразбираме или ги подразбиравме.

Дали сакате новогодишните пакетчиња да ја подржат програмата work-life баланс и позитивно да влијаат врз перформансите на вработените. Доколку одговорот е ДА, ве молам продолжете да читате.

Поривот да ја напишам книгата се јави од моето воодушевување од НЛП (неуро-лингвистичко програмирање – методологија за личен и професионален успех произлезена од истражувањата што е клучната разлика помеѓу успешните и не толку успешните луѓе и како да се премости тој јаз) од една страна и од друга страна моите две дечиња кои во мене ја разбудија желбата за адаптирање на знаењето стекнато во НЛП едукацијата за најмладите со приказни блиски до децата.

Покрај сите работи кои ги обезбедуваме за нашите деца, топол дом, облека, храна, играчки, одмор … ние на дар им го даваме и нашиот став кон животот. Со оваа книга која е наменета да им биде поддршка на родителите во градење на позитивното размислување кај децата и самите родители ќе имаат можност да го погледнат сопствениот живот со нови очи, да погледнат што сѐ има добро во него. Самата книга е интерактивна со искажување на благодарност на различни теми од една страна детето и од друга страна родителот. Со активно партиципирање во книгата родителите ќе имаат можност со децата да поразговараат на различни теми, да видат како децата им размислуваат и да ги носат кон вистински вредности. Верувам дека бенефитот ќе биде на двете страни, децата ќе бидат со полно внимание во омиленото друштво – друштвото на своите родители, a родителите ќе имаат квалитетно време поминато со своите деца во кое ќе согледаат дека во животот имаат многу работи кои заслужуваат и славење, а тоа ќе им го подобри расположението и ќе им го пренасочи фокусот кон позитивно размислување. Самата книга е конципирана на тој начин да формира навика за позитивно размисливање и искажување на благодарност. Науката потврдува за да се формира нова навика потребно е да помине 21 ден на повторување на однесувањето кое сакаме да го автоматизираме. Книгата е збир на 31 ден активна работа со децата каде за викендите се вклучени и 4 активности кои може да ги прави целото семејство заедно. Како финален резултат од книгата ќе биде тоа што истата ќе остане во семејството како споменар во кој ќе бидат забележани сите значајни работи кои им го правеле животот поубав.

Кога се избира стратегија за успех често се занемаруваат двата чекори, а тоа е како се чувствувам кога ја избирам стратегија за успех, првиот чекор и што зборувам додека ја избирам стратегијата за успех што е вториот чекор. Како одговор на првиот чекор настана мојата прва книга „Благодарам“ а како одговор на вториот чекор работам на втората книга. Благодарноста е научно докажано дека ја менува состојбата во која се наоѓаме, го менува начинот на кој се чувствуваме, а истото е подкрепено со многубројни истражувања.

Со оваа порака сакам да упатам покана до вас компаниите да ги збогатите новогодишните пакетчиња за дечињата со книгата „Благодарам“. Верувам дека со помалку чоколади и книга бенефитот ќе биде на двете страни, на вашите вработените ќе им поклоните квалитетно време поминато со нивните најмили во кое ќе согледаат дека во животот имаат многу работи кои заслужуваат и славење, а тоа ќе им го подобри и расположението. Со подобрено расположение и задоволни ќе дојдат на работа, а науката потврдува дека задоволни и расположени вработени имаат подобри резултати, што дирекно влијае на резултатите на компанијата.

Со вклучување во овој проект вие ќе се вклучите и во Кампањата ЛИЧЕН ИЗБОР за свесна промена на фокусот на мислата и враќање на доброто расположение повторно во мода. Повеќе за книгата а и слободните материјали од кампањата Личен избор можете да најдете на Instagram @ana.saltirova.davidovski и FB page Ana Saltirova Davidovski – Blagodaram.

Книгата има 72 страни, тврда корица, во 2018 беше на листата најпродавани 20 книги преку www.kupikniga.mk, а во првата година го доживеа и своето реиздание.

0 коментар
5

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...