Македонската асоцијација за човечки ресурси го организира првото онлајн HR Caffe & Networking на тема „RESILIENCE (ОТПОРНОСТ) во времиња на неизвесност“.
Како што се наближува почетокот на новата учебна година, Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) продолжува со организација и имплементација на своите планирани активности.
Во тој правец, за првпат, адаптирајќи се на новите услови креирани од Ковид-19 кризата, МАЧР организира онлајн HR Caffe & Networking на тема „RESILIENCE (ОТПОРНОСТ) во времиња на неизвесност“.
Настанот ќе се одржи на 2 септември 2020 година (среда), во периодот од 17-19 часот, а фасилитатор на работилницата ќе биде Ирена Јакимова, сертифициран обучувач и коуч.
Доколку сте заинтересирани да бидете дел од настанот, потребно е да се пријавите преку пополнување на кратка пријава, која можете да ја превземете на следниот линк.
На сите што се пријавени, на денот на одржување на настанот, преку е-пошта ќе им биде доставен линк до ZOOM, за онлајн пристап до настанот.
Повеќе информации за методот кој ќе биде применуван на работилницата, погледнете на: https://www.points-of-you.com/
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.