Местото на HR професионалците во новиот свет

од 24HR

Автор на статијата е Афродита Кермичиева Пановска – Оперативен HR Менаџер во Teleperformance Germany и одговорна за 3.500 вработени во Германија и во германската групација.

Начинот на кој се справуваме со работата несомнено се менува. Како резултат на технолошките достигнување и демографската промена во работната сила, традиционалните практики за човечки ресурси се доведени во прашање, и тоа е во ред.

Како професионалец кој се занимава со човечки ресурси, среќна сум што го гледам начинот на кој ги прифаќаме овие промени. Ако не се прилагодевме, немаше да опстанеме. Тоа е така бидејќи новите проблеми бараат нови решенија до кои може да се дојде само преку инкорпорирање на нови идеи и технологија.

На пример, гледам промена во практиките за управување со перформансите. Фокусот кој воглавно беше ставен на проценка и компензирање на вработените се промени. Вклучувајќи ја вештачката интелигенција и автоматизацијата, достигнавме нови нивоа на усогласување на целите, ангажираност на вработените и максимизирање на профитот.

Технологијата го направи животот полесен

Но иако е така, тажниот дел е во тоа што многу луѓе сè уште се заглавени во традиционалниот начин на размислување. Најлошото е што луѓето се плашат од промени.

Денес, сакам да испратам повик до нив за да се ослободиме од неизвесноста. Не плашете се од технологијата, туку дозволете таа да биде ваш сојузник за постигнување на неверојатни резултати.

Како може да знаете дека нешто е корисно сè додека не се обидете?

Потребно е да го промениме HR-от од неговото јадро. Сето тоа треба да се промени и да се подобри.

Во моментот кога го сфатив ова, мојот живот и кариера се променија. Јас еволуирав како личност со подобар слух за технологија со отворен начин на размислување за справување со предизвиците и тоа не само што ми помогна мене, туку и на сите околу мене.

Ајде да видиме што носи иднината.

 

За авторот:


Афродита Кермичиева Пановска, MBA е Prince2® Agile Practicioner и Enterprise Design Thinking Practicioner со повеќегодишно искуство во Talent и Project Management. Во моментов е Оперативен HR Менаџер во Teleperformance Germany и одговорна за 3.500 вработени во Германија и во германската групација.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...