Топ 5 професии за интроверти кои сакаат да работат сами

од 24HR

Дали сакате да се занимавате со нешто што ќе ве направи посреќни, но не знаете што е тоа? За многу интроверти, погрешниот избор на професија може да биде многу фрустрирачки затоа што нема да успее да ги задоволи и брзо ќе ги измори. Еве кои се 5-те најдобри професии за интроверти!

Без разлика дали станува збор за интроверт или екстроверт, секој поединец претпочита да работи во средина која е најдобро прилагодена за него, односно околина каде што ќе се чувствува најпријатно и најпродуктивно. Додека луѓето можат да се обликуваат за да бидат успешни на која било позиција, одредени групи на личности со сигурност гравитираат кон некои работни места повеќе од другите.

Интровертите во основа се познати како луѓе кои напредуваат самостојно и може да се почувствуваат вознемирани ако од нив се бара почесто да комуницираат со другите. Но, на тоа не треба да се гледа како на негативна карактеристика бидејќи тие се само луѓе кои се чувствуваат помоќни во тивки или изолорани работни средини, отколку во бучни и големи социјални собири. Вистинските интроверти уживаат во времето кое го поминуваат сами и се сметаат себеси за self-starters. Тие се чувствуваат прилично посреќни и позадовилни кога се воздржуваат во себе и секогаш се обидуваат да се држат настрана од секојдневни или кратки разговори.

Идеални работни места за интроверти

Кога бараат работа, интровертите сакаат да се занимаваат со нешто што ќе ги мотивира и направи среќни. Едноставно, кај нив се работи за пронаоѓање работа што одговара на типот на самата личност.

И со оглед на тоа што некои кариерни опции бараат повисоко ниво на меѓусебна интеракција или јавно говорење, како што се адвокат, менаџер за продажба, менаџер за односи со јавноста или менаџер за настани, мнозинството интроверти својата кариера ја гледаат во други области. Па, кои би биле идеалните работни места за интроверти?

Сајтот HR Digest издвои 5 работни позиции за кои верува дека би биле најпогодни за интровертни личности:

Software Developer

Овие ИТ професионалци дизајнираат и градат софтверски програми, како и работат во развој на надградби, тестирање на програми и апликации и пишување на документација. Луѓето кои сакаат компјутери и технологија и кои се чувствуваат удобно позади мониторот дефинитивно треба да размислат за кариера како Software Developer. Тие можат да се специјализираат во мрежи, оперативни системи, апликации или бази на податоци за да направат безбедна софтверска платформа и да го напишат точниот код за тоа. Развојот на софтвер е индустрија во подем, особено во САД каде над 1.2 милиони луѓе во моментов се вработени во оваа област и нивниот број до 2026 се очекува да се зголеми за 26%.

Прочитајте > 16 вештини кои треба да ги совладате за да станете вистински лидер

Сметководител

Сметководителите се вработени кои управуваат со секојдневните сметководствени и финансиски функции на компанијата и обезбедуваат нивна точност и усогласеност со државните регулативи. Тие водат финансиска евиденција за компанијата, даваат препораки за бизнисот врз основа на финансиската состојба, пресметуваат даноци, подготвуваат финансиски извештаи и прегледуваат финансиски документи. Поголемиот дел од своето време сметководителите го поминуваат занимавајќи се со броеви и табеларни пресметки, а нивната предност е во тоа што можат да работат и хонорарно. Овие професионалци продолжуваат да бидат многу баранибидејќи многу малку луѓе можат добро да ги разберат сметководствените прописи и даночните регулативи, па така во следните неколку години бројот на вработени во оваа област се очекува да се зголеми за најмалку 10%.

Технички писател

Со оглед на тоа што во моментов работата од дома и хонорарната работа бележат енормен раст, професијата технички писател изгледа како одлична кариерна опција за секоја интровертна личност. Овие „писатели“ не се занимаваат со блогови, новинарство, фикција и слично. Нивната работа е да пишуваат прирачници, реални написи и детални документи кои се јасни, издржани и се засноваат на факти. За да успеете на оваа професија, треба да имате одличен вокабулар, добро да ја познавате граматите и да бидете ориентирани кон детлаи. Ова поле носи прилично висока заработа, а бројот на отворени позиции постојано расте.

Ветеринар

За луѓе кои претпочитаат крзнени суштества, т.е животни пред луѓе, кариерата како ветеринар може да биде идеален избор. Тие обезбедуваат грижа и медицински третман за животни, дијагностицираат болести, вакцинираат и помагаат при раѓање. Со зголемениот број на луѓе кои ги гледаат своите миленици како членови на семејството и активно сакаат да трошат повеќе на нив, оваа професија стана поважна од кога било досега. Експанзијата за ветеринари се очекува да продолжи и во следниот период, а бројот на работни места за нив до 2026 година се очекува да порасне за 19%.

Прочитајте > Правило од 85%: Како да бидете најдобри во вашата работа?

Актуар

Некој што работи како актуар има задача да ги анализира трошоците поврзани со ризикот и неизвесноста користејќи статистика, математика и финансиска теорија, генерално во осигурителната индустрија. Тие го проценуваат ризикот за да се случи одреден настан и врз основа на тоа, развиваат политики кои ќе им помогнат на деловните субјекти и клиентите да ги минимизираат трошоците од тој ризик. Дополнително,  тие можат да помогнат во дизајнирање на полиси за осигурување, пензиски планови и деловни стратегии за да им помогнат на деловните субјекти да стекнат финансиска добивка. Со најкратко пресметано време за работа со клиенти и проценет раст од 22% до 2026 година, актуарите го поминуваат поголемиот дел од своето работно време во својата канцеларија, а тоа ја прави оваа работна позиција совршена опција за интроверт.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...