Истражување: Секој трет вработен очекува дека работата од дома ќе остане „ин“ и после пандемијата

од 24HR

Нешто повеќе од една третина од вработените очекуваат дека по завршувањето на пандемијата нивните организации ќе бидат порелаксирани во однос на можноста за работа од дома.

Пандемијата COVID-19 не само што примора голем број компании ширум светот да ја прифатат работата од дома како единствена алтернатива за да продолжат со своите бизнис активности, туку и трајно ги промени навиките и стереотипите кои до вчера беа апликативни на пазарот на трудот.

Едно истражување во САД спроведено од страна на OnePoll и Citrix покажа дека нешто повеќе од една третина од вработените очекуваат и по завршувањето на пандемијата нивните организации да бидат порелаксирани во однос на можноста за работа од дома, а 28% од испитаниците изјавиле дека планираат да бараат работа што ќе им овозможи да телекомуницираат.

Во исто време, третина од вкупно 2.000 испитаници кои во моментов работат од дома се изјасниле дека со нетрпение чекаат да се вратат во канцеларија и мислат дека нивните колеги се чувствуваат слично.

Мнозинството испитаници (45%) рекле дека нивните работодавци се „поприлично подготвени“ за транзиција кон работа од далечина, а 38% изјавиле дека нивните организации имале доволно време за да го направат овој скок.

Осумнаесет проценти рекле дека нивните работодавци не биле доволно подготвени или не биле воопшто подготвени за новиот начин на работа.

Што се однесува од технолошките предизвици за работа од дома, најголем проблем со кој се соочиле вработените е нивниот интернет.

Севкупно, една третина од нив изјавиле дека се чувстуваат презаситени од работата од дома, а друга третина смета дека уживале во „мирот и тишината“.

Помал дел од вработените се пожалиле дека нивните полни куќи ги деконцентрирале во однос на нивната работа, а 28% кажале дека се почувствувале осамено.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...