Сите 860 вработени во КОСТАЛ ќе добијат приватно здравствено осигурување

од 24HR

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА припаѓа на Групацијата КОСТАЛ, која преку своето технолошки напредно производство, нуди реални можности за професионален раст, развој и усовршување на своите вработени, локално, но и меѓународнo во рамките на Групацијата.

Во изминатата 2020 година, додека голем број на Компании го намалуваа бројот вработени, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА во услови на редуцирано производство и приходи споредено со планираните ги зачува сите постојни вработувања и активно вработуваше нови. Така, во годината во која сите се соочувавме со ефектите на најголемата здравствена и економска криза досега, во КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА беа реализирани нови 322 вработувања при што инвестициите надминаа износ од 14 милиони евра a продажбите 51 милиони евра (што е зголемување од над 50% споредено со обемот на продажби за 2019 год).

Водени од грижата за здравјето и благосостојбата на своите вработени и нивните најблиски, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА склучи договор за приватно здравствено осигурување со што им овозможува на сите свои тековни 860 вработени, но и оние кои допрва ќе му се придружат на тимот, да ги користат без надомест услугите во реномираните приватни здравстени установи од листата на договорни партнери на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ, како и соодветно покривање на трошоците за лабораториски испитувања, лекови, офталмолошки или стоматолошки здравствени услуги.

Од Компанијата велат дека ова е само заокружување на сето она што КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА го направи изминатите неколку години додека е присутен во земјата, и додаваат дека во 2020 година, било реализирано зголемувањето на платите на вработените и воведување на дополнителни бенефиции, зголемување на регресот на годишен одмор, кој заради финансиските резултати причинети од интензивните инвестиции, Компанијата не е обврзана да го исплаќа, но сепак тоа го прави.

На планот на корпоративната општествена одговорност, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА покрај соработка и помагање на локалната заедница, посебно е активен на планот на образованието на новите генерации, спроведено преку програмите за “Летна студенстска пракса” и “Инженер на тренинг”, со кои им се дава шанса на тековните и штотуку дипломирани студенти од техничките науки да зачекорат по својот иден кариерен пат. Освен тоа, Компанијата е еден од најпроминентните подржувачи на Дуалното образование во земјата.

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА не планира да застане тука, туку напротив, до крајот на 2021 година, во компанискиот бизнис план, она што е зацртано како бројка на вработени е –  1.050!  Дополнително непрекинатиот инвестициски циклус се очекува да продолжи и годинава со нови 31 милиони евра во напредна опрема и воведување на нови производни линии за Јагуар, Ланд Ровер и Ауди. Сето ова согласно последните финансиски предвидувања за 2021 година ќе резултира со повеќе од двојно зголемување на обемот на продажби споредено со 2020 и достигнување на рекордно ниво од над 105 милиони евра до крајот на оваа година.

Во КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА нагласуваат дека се постојано отворени за нови вработувања, потенцирајќи дека е време за кариера покрај брегот на Охридското езеро, со обезбеден баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, заедно со уште 860 посветени вработени – професионалци во своите струки, кои доаѓаат од сите страни на земјата, од Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Ресен, Кочани, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Штип, Велес, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Гостивар, Тетово, Куманово, Скопје…

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...