Со вистинските вештини до прво вработување

од 24HR

Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ во Скопје и Кариерниот центар THRIVITY, од 13 до 19 јули организираат серија на обуки со цел полесно и поефикасно адаптирање на студентите и скоро дипломираните на пазарот на труд.

Интерактивни сесии и предавања креирани според истражувања и искуства од Европа и САД се дел од програмата на Кариерниот центар THRIVITY посветена на тукушто дипломираните студенти или студенти во завршните години на Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ во Скопје.

Со пополнување на неколку полиња на https://thrivitycareercenter.mk/ студентите се пријавуваат да бидат дел од бесплатните сесии на програмите „Прво вработување? Дознај како да се подготвиш“ или „Те повикаа на интервју? Дознај како да успееш на интервју за работа“.

„Една од основните цели на Центарот за кариера на УКИМ е да му овозможиме на дипломецот да се стекне со компетенции соодветни за вработување што ќе му овозможат развој и на нови вештини коишто ќе му бидат потребни и подоцна во текот на работниот век” – вели Ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Ова е прва активност по потпишувањето на меморандумот за соработка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ во Скопје и Кариерниот центар THRIVITY во февруари годинава.

„Нашето локално и меѓународно професионално искуство и знаење бесплатно го споделуваме со студентите за да изградат соодветни вештини со кои поедноставно и поуспешно ќе се претстават себе си на пазарот на труд, а со тоа и побрзо ќе дојдат до првото вработување“ – вели Поликарп Арсеновски, основач на THRIVITY.

Прецизно дизајнираната програма на Центарот за кариера на УКИМ е можност за секој студент поедноставно да го направи преминот во професионалните води.

„Поттикнувањето на интересот на студентите при планирање и насочување на нивната кариера и пружање помош при премин од академската средина во професионалното работење е водилка во работењето на центрите за кариера при сите единици на нашиот Универзитет. Со овие обуки на студентите им ја зголемуваме шансата да дојдат до посакуваната работа и ги унапредуваме нивните компетенции во сегменти кои не ги покрива формалното образование“ – вели проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска, координаторка на Центрите за кариера на УКИМ.

Инаку соработката на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиj“ во Скопје и Кариерниот центар THRIVITY е структурирана преку постојана размена на искуства, знаења, и информации во насока на приближување на студентите до пазарот на трудот и приватниот сектор, train the trainer – програма со која се оспособуваат студентите за пренесување на стекнато знаење во областа кариерно советување и практиканство, стипендирање на постдипломци на Универзитетот и создавање на дигитална база на професионални биографии на студентите (CV-a), и на тој начин тие ќе бидат видливи на пазарот на труд.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...