Третирајте ги вработените како вредност и инвестиција, а не како трошок!

од 24HR

Мајка, „решавач“ на проблеми, некој што постојано учи нови работи… запознајте ја Оливера Анџелковиќ, основач на Olivera Coaching & Consulting и Executive Coach во MARLEQ.

24HR е многу повеќе од обичен портал за човечки ресурси. Тоа е место каде што се раѓаат инспиративни приказни, се градат одлични релации и се создаваат нови познанства. Вистински доказ за тоа е нашата соработка со Оливера Анџелковиќ која започна од еден коментар па продолжи со две колумни на авторот кои се најдоа на нашиот портал 😊

Денес сакаме да и возвратиме на Оливера за дадениот придонес за порталот 24HR и така ќе се обидеме да ја доближиме нејзината HR приказна до нашите читатели во Македонија.

Која е главната причина за вашата љубов кон човечките ресурси?

Долго време работев како менаџмент консултант и имав можност да ја согледам различната организациска динамика на малите и големите компании. На крајот, сè се сведува на тоа дека вашата компанија е подеднакво успешна како и третирањето на вашите луѓе како вредност и инвестиција, а не како трошок.

Вие сте основач на Olivera Coaching & Consulting, кажете ни нешто повеќе за тоа?

Olivera Coaching & Consulting има за цел да им помогне на сите кои работат на личен професионален развој, бараат нова работа, се соочуваат со промени во кариерата или се соочуваат со маркетинг проблеми во своите компании. Како консултант, се обидувам на моите клиенти да им го пренесам знаењето и искуството собрано во неколку земји, со цел да ги пронајдам најдобрите решенија за нив. Како советник за кариера, или популарно Career Coach, работам со клиенти од целиот свет и помагам во решавање на професионални дилеми, пронаоѓање работа во најкус можен рок и подобрување на нивниот имиџ на LinkedIn.

Кој е вашиот најголем успех на кој сте особено горди?

Хмммм… Тоа што успеав да ги завршам магистерските студии предвреме со едногодишно дете дома. Сите жени, а особено нашите жени на Балканот, знаат колку е тешко да се балансира деловниот и приватниот живот. Нашите жени ја имаат оваа прекрасна доблест да направат нешто од ништо, а тоа е она што не прави и одржува силни.

Кога би можеле да одберете 3 најважни работи што еден HR професионалец треба да ги поседува за да успее во кариерата, кои би биле тие?

Тој или таа мора да ја сака својата работа, да сака да комуницира со луѓе и да биде емотивно зрел/а личност – односно да има високо ниво на емпатија. Образованието е многу важно, исто како и постојаната обука.

Што би им порачале на HR професионалците во Македонија?

Барајте решенија за проблемите врз база на примери од други компании во странство или на локално ниво и обидете се да ги прилагодите вашите организациски култури. Не ги прифаќајте HR трендовите по секоја цена бидејќи не значи дека ако една постапка или правило е успешно во една компанија, ќе има позитивен ефект во секоја друга. Балканот има специфична работна култура и таа секогаш треба да се земе предвид.

Како дознавте за нас и како ви се допаѓа порталот 24HR?

Прочитав една ваша статија на LinkedIn за една успешна деловна жена и ми се допадна начинот на кој ја претставивте приказната.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...