1 од 153 вработени во САД работи за Амазон

од 24HR

Амазон има околу 950 илјади вработени во САД, а тоа се повеќе луѓе од целокупната градежна индустрија за приватни живеалишта.

Во првата половина од 2021 година Амазон оствари повеќе од 221 милијарди долари профит од продажба, покажувајќи колку е масивна самата комапнија откако Џеф Безос ја основа во 1994 година.

Денес, гигантот за трговија вработува 1.3 милиони луѓе низ целиот свет, од кои 950 илјади се во САД.

Според најновиот извештај за вработување во САД, бројот на вработени во земјата изнесува 145.8 милиони, а вкупното население изнесува 332 милиони жители.

Тоа значи дека еден од секои 350 американци работи за Амазон или еден од секои 153 вработени во САД работи за истоимениот технолошки гигант.

Споредено со останатите индустрии, бројките говорат дека во Амазон работат повеќе луѓе отколку во целата градежна индустрија за изградба на приватни живеалишта која има 873 илјади работни места.

Сепак, и покрај овие импозантни бројки, Амазон е вториот најголем приватен работодавач во земјата. Волмарт, кој вработува скоро 1.6 милиони луѓе во САД или еден од секој 91 вработен, е се наоѓа на првото место на пиедесталот.

На глобално ниво, поголем е бројот на луѓе кои работат во Мекдоналдс отколку во Амазон и Волмарт бидејќи брендот за брза храна се проценува дека има над 2 милиони вработени. Но сепак, бидејќи компанијата првенствено работи на модел на франшиза, бројот на вработени во САД е помал од 50.000.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...