Пишува Сања Петрушевска, HR Менаџер во Watch ID.
Веќе некое време размислував дали да пишувам за ова, но во овој момент сум прилично сигурна зошто треба да го направам тоа: Да ви кажам како се чувствувам и можеби да потсетам некои од вас дека не треба да земаме сè здраво за готово.
Во текот на овие 2 месеци, сфатив и си потврдив себеси некои работи кои се клучни за моето постоење и работата што ја сакам:
Парите ни се потребни во секоја фаза од нашите животи, и во секој момент тие што ги имаме на располагање нема да ни бидат доволни – потребите се зголемуваат и апетитите растат, но ако сте упорна личност секогаш ќе го пронајдете својот пат. Тие пари не можат да ви купат среќа, здравје, пријатели и исполнетост.
Сите се соочуваме со многу предизвици и пречки во нашето поле на работа и еве ја мојата секојдневна мантра (моите вработени знаат најдобро): Една личност мора секојдневно да се развива, исто како што тоа го прави светот, што е единствениот начин за да се преживеат и надминат тие пречки. Оваа криза нè научи дека единствените бизниси што ќе останат здрави и ќе растат се токму оние што ја следат новата дигитална ера, но не ги заборавиле лекциите од традиционалната. Се разбира, само доколку се ориентирани кон потрошувачите.
Отпуштањето вработени е само краткорочно решение за вашите проблеми, но изнаоѓањето начин да ги надминете тие проблеми заедно со нив е долгорочна инвестиција во вашиот бизнис и клуч за успехот. Луѓето се сè и во вакви ситуации им треба лидерство, па токму затоа не заборавајте да бидете лидер, наместо менаџер!
Седењето дома е секогаш забавно и не мислам на клише работи како Netflix и готвење, или пак време за јога со партнерот, туку ако ги замените овие работи со: трошење на квалитетно време со семејството (не само заеднички ручек, туку играње некоја друштвена игра или градење куќичка на дрво), занаетчиство (учење на некоја нова вештина, како столарија или шиење), градинарство (станете едно со природата, засадете нови цвеќиња или шери домати што ги јадете во вашата Цезар салата). Повеќе нема изговор да избегнувате подобро да се запознаете себеси што само ќе ве направи посилни и посамоуверени.
Да се забавувате дома не значи дека треба да се исклучите од светот, барем не денес кога можете да ја употребите вашата камера и да останете во контакт со најблиските. Можете да ги видите вашите пријатели и да разговарате додека го пиете вашиот омилен коктел чувствувајќи се пријатно во вашите пижами.
Да ја скратиме приказната, имам уште многу да ви кажам, но ова е сосема доволно за почеток. Се надевам дека секој од вас е безбеден и здрав и на заборавајте: Нема да се вратиме назад во нормала, ние ја создаваме новата нормала!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.