5 години KARIERA.mk – иновативен и модерен сервис потврден од над 4.500 компании

од 24HR

Интервју со Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk 

Нивниот заштитен знак е колибри, а нивното препознатливо мото е „Вистинската работа за тебе“. Приказната за KARIERA.mk започна во ноември 2016та година кога за само неколку месеци успеа да се наметне како еден од водечките портали за пребарување на работни места, пракси, стипендии и останати можности за едукација во Македонија. Денес, KARIERA.mk е првото место кое работобарателите го посетуваат за да го пронајдат своето идеално работно место, а од неодамна компанијата го прошири своето портфолио и со огласи за недвижности, возила и сè што вреди да се огласи! Дознајте за идните планови и визии на компанијата во интервјуто со Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk.

KARIERA.mk неодамна одбележа 5 години од своето присуство на македонскиот пазар. Кажете ни како изгледаа вашите почетоци и каде сте сега?

Нашиот 5ти роденден го одбележавме на крајот на месец ноември и со тоа го означивме првиот љубилеј кој навистина многу ни значи и ни дава мотив за работа во иднина. Овие 5 години KARIERA.mk успешно се проби на пазарот и се претстави како иновативен и модерен сервис за огласи за вработување при што услужи повеќе од 4 500 компании и зачлени повеќе од 120 000 пребарувачи на работа. Во моментот цврсто стоиме пред задачата да ја прошириме нашата мрежа и истовремено да го задржиме квалитетот на нашиот сервис кон нашите клиенти.

Кажете ни нешто повеќе за луѓето кои стојат позади тимот на KARIERA.mk во Македонија?

KARIERA.mk е креирана од млад но искусен тим кој има многу идеи и константно работи на подобрување на сервисите кои ги нудиме. Менаџерскиот тим е составен од HR и IT професионалци со повеќе од 10 годишно искуство кои одлично функционираат како тим во извршувањето на секојдневните задачи. Во менаџерскиот тим на KARIERA.mk се Норик Селими и Ѓорѓи Какашевски како сопственици и јас, Зорица Бужаровска Бошковска како генерален директор. Секако KARIERA.mk брои и одличен тим од свои вработени кои се вклучени во секојдневните обврски од административен и технички аспект со цел навремено и правилно услужување на своите клиенти.

Какви сè услуги KARIERA.mk им нуди на клиентите?

KARIERA.mk е онлјан сервис кој нуди двострана услуга, кон компаниите од една страна и активните пребарувачи на работа од друга страна. Бидејќи вработувањето е процес кој вклучува работодавец и оној кој бара работа, нашата задача е истовремено да им помогнеме и на двете страни со објава на слободните работни места на нашиот сервис.

На компаниите во моментот им нудиме 3 типови на годишни пакети кои вклучуваат различни бенефиции во процесот на пребарување на работна сила како и многу популарните еднократни огласи за помалите компании. Едноставно речено, KARIERA.mk има услуги кои може да ги даде на сите компании на пазарот од најмали до најголеми.

Што е тоа што го правите поразлично во KARIERA во однос на другите компании во вашата бранша?

KARIERA.mk пред се е компанија која е секогаш многу посветена во целокупните активности. Од другите компании во нашата бранша се разликуваме по тоа што нудиме одлична услуга за разумни цени и екстра бенефиции кои компаниите ги препознаваат и не одбираат токму заради тоа. Освен класичното објавување на огласи, нудиме и employer branding преку засилен маркетинг за компaниите кои нѝ се клиенти со цел запознавање на публиката за каков тип на компании се работи и зошто токму таа компанија да биде изборот за нивното следно вработување.

Дополнително, во месец ноември на нашиот сервис освен огласи за вработување, интегриравме и огласи за недвижности, возила, електроника и се останато со цел нашите корисници да можат да најдат огласи од сите типови на едно место.

Споменавте дека позади KARIERA.mk стои тим на искусни и амбициозни професионалци. Како успеавте да допрете до најдобрите компании – работодавци на пазарот?

Сметаме дека искусните компании точно знаат како да препознаат професионален и одговорен однос кој е навистина важен во процесот на збогатување на нивните тимови односно вработувањето на нови луѓе. Во текот на овие 5 години KARIERA.mk успешно се интегрираше во мрежата на најдобрите HR професионалци во речиси сите најголеми компании во државата и даде сериозна понуда за помош при вработување.

Учествувавме на многу настани, организиравме самити и работилници на кои разговаравме и учевме од најголемите HR професионалци како би можеле правилно да ги задоволиме нивните барања и сметаме дека тоа е патот на кој успешно продолжуваме да чекориме и натаму.

Каков работодавач е KARIERA.mk?

KARIERA.mk е одлично место за работа, нашите канцеларии се наоѓаат во центарот на градот и секогаш сме блиску до сите случувања. Нашите вработени ги имаат сите услови за работа, во модерни канцеларии во кои секогаш има пријателска атмосфера. На работното место освен професионалноста и одговорноста која ја бараме од сите вработени, секако има простор и за градење на пријателства.

Какви се плановите на KARIERA.mk за во иднина?

KARIERA.mk е компанија во подем и нашите планови се многу големи. Во секој случај ќе кажам дека работиме на неколку нови проекти кои ќе бидат вистинско освежување на пазарот на труд.

Двата најголеми проекти на кои моментално сме насочени се сосема различни и тоа ни носи одлична енергија на работното место. Едниот е насочен кон нашите клиенти компаниите, кои се во константно пребарување на нов персонал преку проектот HR SCANNER кој е аналитичка алатка која е навистина многу погодна и корисна за сите компании. На овој проект успешно работиме веќе неколку месеци и очекуваме негово финализирање оваа година.

Другиот проект кој го започнуваме токму сега е насочен кон активните пребаратели на работа на кои сакаме исклучително многу да им го олесниме процесот на барање на работа во наредниот период. Во секој случај KARIERA.mk е подоготвена за уште поуспешна и поинтересна 2022ра бидејќи 2021ва беше нависитна успешна и плодна година за нас!

На крајот, секако ги повикувам сите компании кои се уште не соработуваат со нас, а имаат потреба од нашите услуги, да нè исконтактираат како би можеле да ги вклучиме во нашите активности во наредниот период!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...