Стратегиски HR со конкретизирани анализи во организацијата е паметна аналитика и за организацијата и за човечкиот ресурс во неа

од 24HR

Колумна на Марија Конеска – основач на Консалтинг за човечки ресурси ДООЕЛ и Центар за развој, едукација и советување МАША МАРИЈА.

Изминативе две години го научија бизнис светот дека промената е единствената константа во денешниот свет со брзо темпо. Притисоците од внатре во организациите, но и надвор од нив, вклучувајќи носење на брзи одлуки за насочување на вештините на работната сила, регрутирање различни таленти, како и формирање на стратегии за наследување, ги одржуваше и продолжува да ги одржува менаџерите на организациите будни и ноќе.

Некои од организациите и на нашиот пазар успеаа успешно да се справат со неизвесноста со создавање на нов начин на работа кој вклучи визуализирање на исходите кој им помогна брзо да се прилагодат на промените со помош на добра аналитика и конкретни анализи и стратегии за конкретни процеси. Значи, ги поврзаа аналитичките ресурси со нова HR стратегија и финансиските можности. Се постигнаа нови сознанија за HR сферата на дејствување со насока на луѓето како најважен ресурс.

Во разни индустрии во светот за да опстанат мораа да развијат решенија надвор од кутијата. И тоа не е лесно. Потребно е да се задржат вработените, да се најдат талентите помеѓу нив и тоа брзо и да се најдат иновативни решенија да се задржат пред се клиентите и во моменти на криза.

Но, на крајот на краиштата, скоро сите се соочуваат со различни деловни и организациски предизвици во врска со перформансот на вработените кој е клучен за развој на профитабилноста и на опстојувањето на пазарот. Токму оваа клучна потреба треба да го освести менаџметот дека аналитиката и конкретната дијагностика и анализа на процесите внатре во организацијата е битна алка во синџирот на сите конци кои треба да се затегнат за да се процени добро она што се случува и она што би требало или би можело да се случи. Затоа, клучни промени кои ќе треба да се вклучат во менаџерските политики и HR менаџментот во 2022 година се процена и анализа со аналитика и стратегиски процеси во самото HR функционирање на секоја организација.

Ова вклучува:

  • Примена на статистички и други методи за креирање на модели за анализа на фактори кои влијаат на вработените со цел подобрување на резултати од работењето на организацијата;
  • Развивање на стратегии за привлекување, управување и задржување на вработени кои резултираат со подобрување на организацискиот развој;
  • Анализи за создавање на нови стратегии за подобра работна средина и подобрување на продуктивност на вработените;
  • Стратегии за мерење на расположението на работната сила, создавање на мотивација на работната сила, начини на буџетирање на растот на работната сила.

Ваквиот пристап од страна на HR менаџментот во организациите ќе има голем импакт на финансиските резултати на организациите доколку се користи ефективно. Обединувањето на работната сила-луѓето со идеите на организацијата раѓа креативни решавачи на проблеми во самата организација, ако има добар стратегиски план.

Организациите од внатре не секогаш ги знаат и ги согледуваат сите аспекти кои доведуваат до намалена продуктивност на работната сила, па затоа, прават добар избор со ангажирање на надворешни консултанти за изработка на анализи и конкретни стратегии по потребите на организациите.

Несомнено, докажаните успеси на голем број организации низ светот последниве години се должат токму на функционален стратегиски HR.

За авторот:

Марија Конеска основач на Консалтинг за човечки ресурси ДООЕЛ, и Центар за развој, едукација и советување МАША МАРИЈА. Работам како HR менаџер, консултант и психолог и психотерапевт.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...