LinkedIn е првото нешто што ни паѓа на ум кога размислуваме за регрутирање. Социјална платформа за професионалци и меѓусебно вмрежување која дава совршени можности за ангажирање на вешти луѓе и одлични поединци.
Сепак, не можете само да се приклучите на Linkedin и да најдете кандидат за работа веднаш. За да ги зголемите шансите да најдете добар вработен, можете да следите неколку совети. Но, претходно, ајде да дефинираме кои се придобивките од алатката за регрутирање наречена LinkedIn.
Придобивките од LinkedIn за регрутирање
Наменски е изграден. Првото нешто што го разликува LinkedIn од другите социјални мрежи е тоа што е направен особено за професионалци. Сите активности се поврзани со развојот на бизнисот и на платформата, а луѓето очекуваат да видат работни места и да бараат работа и работодавци таму.
Бесплатно е. Бесплатната верзија на платформата е доволна за е-вработување. Меѓутоа, ако сакате да добиете повеќе инструменти и слобода на платформата, секогаш можете да се претплатите на премиум верзијата. Linkedin e силна мрежа. Милиони талентирани и професионални луѓе ширум светот користат ја за својата работа. За регрутерите тоа е вистинско богатство.
Како да го користите LinkedIn за да вработите луѓе?
Создадете неверојатна страница за да се претставите како одличен работодавец.
За да го направите тоа, можете да користите содржина и да се фокусирате на потенцијалните кандидати. На пример, можете да објавувате видеа за регрутирање наместо текстуални објави. Опишете го процесот на регрутирање во вашата компанија, можностите за обука и воведете го вашиот оддел за човечки ресурси.
Креирајте и споделувајте објави за работа
Звучи премногу очигледно, зарем не? Но дури и во овој едноставен процес, регрутерите може да потфрлат.Прво, вашата објава треба да ја следи стандардната структура и да вклучува: наслов, опис на позицијата, вештини кои се потребни, услови за работа. А заедно со тоа, објавата треба да се истакне и да одговара со вашите вредности.
Додадете некои содржини со слики и поддржете ги објавите со други објави, како што се сведоштвата на вработените за истите позиции.
Охрабрете ги сегашните вработени да учествуваат во регрутирањето.
Охрабрете ги врабоените да учествуваат во процесот на регрутација со споделување на отворени позиции и поврзани информации. Добивањето информации од сегашните вработени им помага на потенцијалните кандидати да развијат доверба кон брендот.
Уште повеќе, тоа му овозможува на вашиот тим постојано да ја развива вашата професионална мрежа и да шири добар збор за компанијата.
Придружете се на групите на LinkedIn
Меѓу сите други начини за пребарување на кандидати, приклучувањето во групите може да биде добра стратегија. Откријте групи поврзани со индустријата на вашиот бизнис, групи што поврзуваат професионалци и вклучете се со нивните корисници.
Користете автоматизација
Автоматизирајте некои од процесите. Има многу алатки што можете да ги користите за да ги забрзате процесите на регрутирање и да ја автоматизирате рутината. На пример, можете да ја автоматизирате дистрибуцијата на објави и да ги споделите со групи. Друга одлична опција е да се користи CRM за да се организираат листи на потенцијални кандидати и да се структурира комуникацијата.
Истражете ја алатката LinkedHelper
Оваа алатка функционира беспрекорно во комбинација со основниот LinkedIn профил и LinkedIn Recruiter. Таа ќе ви овозможи да испратите 700 покани неделно и да ги сортирате во прилагоден CRM користејќи клучни зборови за поефикасно пребарување.
Заклучок
Регрутирањето бара и следење на одредена стратегија. LinkedIn обезбедува простор за одлучување како ќе привлекувате кандидати. Погоре, наведовме едноставни совети што секоја компанија може лесно да ги интегрира. Погрижете се да изградите силен бренд на работодавач и да ги третирате вашите вработени како внатрешни клиенти, мислејќи на нивните потреби и желби. LinkedHelper, исто така, помага да се изгради автоматизиран LinkedIn.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.