Работа од соништата или кошмар

од 24HR

Колумна на Афродита Кермичиева Пановска – Оперативен HR Менаџер во Teleperformance Germany и одговорна за 3.500 вработени во Германија и во германската групација.

Кога ќе се одлучите за една професија не треба да очекувате дека цело време ќе имате одлични денови. Во изминативе 20 години колку што работам во HR областа се среќавам со луѓе кои сметаат дека имам професија која е сон, дека тоа е работа со луѓе и многу едноставна.

Јас знам дека ниту една професија не е составена само од одлични денови или highlights. Нормално е да има успорување, застанување, денови кои се вистински кошмар. За сите млади луѓе кои стојат пред одлука каде да се насочат и која професија да ја одберат мора да ги видат сите страни на истата. Значи сите убави и неубави страни. Тоа е чекор број еден. Сега е време на одлуки каде понатаму во животот и навистина е важно да се видат сите можности.

Организациите би требало да бидат отворени и да поддржат младите луѓе да доаѓаат на пракса за да се запознаат со работата и со професијата. Тоа има големо влијание на една држава да воспостави систем кој ќе го движи креирањето на нови професионалци. Едноставно? Не е едноставно во никој случај. Поврзани се многу прашања со тоа, сепак ако се има волја, тогаш ќе се најде начин за реализација. Пракса во средно училиште, дуален систем на образование, пракса на факултет, истражување во рамки на магистерска работа итн. Постојат многу начини, а најважен е дијалогот помеѓу организациите и образовните институции. Повратокот на инвестицијата може да се пресмета и тоа не е спорно. Дали тоа ќе биде задржување на практикантот, дали ќе биде гласот на работодавачот во средината, влијанието на организацијата итн.

Понатаму секој мора да биде подготвен за раст и учење. Од сите инволвирани страни. Тоа не значи дека мора да одам нагоре во една организација, да „правам кариера„. Тоа може да е вертикален и хоризонтален развој. Личноста се развива и тука не е ништо спорно. Секој доаѓа до момент да ја надрасне својата позиција или да порасне во улогата, па организацијата треба да бара нова улога која подобро ќе одговара на вештините и искуството. Работата е составен дел и мора да биде поврзана со развој.

Тие денови кои не се така сјајни всушност овозможуваат раст на една личност. Секој кој знае како да учи од падовои и неуспеси може брзо да се движи.

Работа од соништата постои, бидејќи не сонуваме ист сон цело време.

За авторот:


Афродита Кермичиева Пановска, MBA е Prince2® Agile Practicioner и Enterprise Design Thinking Practicioner со повеќегодишно искуство во Talent и Project Management. Во моментов е Оперативен HR Менаџер во Teleperformance Germany и одговорна за 3.500 вработени во Германија и во германската групација.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...