Работата никогаш нема крај – но еве што може да направите за да бидете попродуктивни и побрзо да ги завршите вашите работни обврски!
Задачите се натрупуваат, времето лета, а кога ќе сфатите дека се чувствувате преоптеретено веќе е доцна. За среќа, постојат начини на кои може да си го олесните животот во однос на продуктивноста и менаџирањето со времето.
Блокирајте го времето
Методот на блокирање на времето за работнизадачи е фантастичен начин да се придржувате до распоредот и да ги завршите работните задачи навреме. Да се има одредено време во календарот за да се постигне одредена задача помага во целокупниот фокус. Спротивн она ова е да се обидете да завршите повеќе работи истовремено што најчесто завршува со неуспех.
Предизвикајте се себеси
Брзото работење без да се загрози квалитетот на работата е предизвикувачки процес. Иако е важно да не се движите премногу брзо низ работните активности со што би се намалил квалитетот на вашата работа, сепак трошењето на премногу време за една задача не секогаш е добро. Експертите препорачуваат да направите игра од гломазни задачи. Направете трка со себе за да видите колку брзо може да се движите низ работните задачи. Ова добро фунцкионира за рутински работи како сортирање на куп пошта, чистање на стари датотеки и сл.
Започнете со потешките задачи
Можеби звучи примамливо веднаш да ги завршите лесните задачи и да се фокусирате на понапорната работа подоцна во денот, сепак оваа стратегија не е препорачлива од голем број експерти. Кога ја правите вашата дневна листа со работни задачи, ставете приоритет на најсложените задачи кои ви одземаат најмногу време и енергија. Ова е важно за да го посветите почетокот на вашето работно време на нив, кога вашиот ум е најсвеж и најодморен.
Мултитаскингот не секогаш функционира
Во презафатениот свет, мултитаскингот е вештина која често добива пофалби. Но сепак, оваа стратегија не секогаш помага кога станува збор за продуктивноста на работното место. Извршувањето на повеќе работни задачи одеднаш може да предизвика чувство дека побрзо ја работите својата работа, но постојаното префрлување низ работните задачи може да ја загрози вашата продуктивност. Наместо мултитаскинг на три до четири работи одеднаш, распределете го вашето време по работни задачи и насочете го целиот ваш фокус кон една задача ва дадено време. Поставувањето на соодветно време за извршување на одредени работни задачи исто така може да помогне.
Менаџирајте го вашиот календар
Важно е да ги знаете вашите работни задачи уште пред почетокот на работниот ден. Водењето на ажуриран календар може да ви даде подобар увид во тоа што ве очекува денес на работа. Затоа, погрижете да се придржувате кон поставените рокови и да оставите мал простор за да ги извршите задачите што може да се појават во последен момент.
Научете да делегирате или да кажете не
Понекогаш, можеби работната задача не е за вас па потребно е да ја делегирате или едноставно да кажете не. Но, мора да го направите тоа со време за да им овозможите на останатите колеги да ја завршат активноста на време. Експертите препорачуваат да се делегираат помалите задачи и рационално да управувате со своето време, а тоа значи понекогаш да кажете не.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.