HR-от е повеќе од професија, тоа е начин на живот!

од 24HR

Денес е 20ти мај – Меѓународниот ден на човечките ресурси и совршен момент да ѝ оддадеме почит на нашата професија за придонесот кој секојдневно го дава за развојот на поединците и организациите насекаде во светот.

Без луѓе не постои HR, туку само ресурси. Ние сме тие за кого постојат компаниите, а не обратно. Луѓето имаат цели кои се преточуваат во една организација, а потоа тие се исполнуваат и следат во нејзини рамки.

И не постои подобар пример за тоа од пандемската 2020та година. Бизнисот запира таму каде што здравјето и благосостојбата на луѓето се доведени во прашање. Тоа го видовме во првите три месеци од почетокот на пандемијата кога борбата за профит се замени со борбата за спасување на човечки животи.

А за сето тоа време, не постоеше подобар менаџер со кризни ситуации од HR професионалците. Тие беа чуварот на компаниите, главната медицинска сестра, пожарникар и борец во првите редови.

Токму затоа, овогодинешниот Меѓународен ден на човечките ресурси го посветуваме на препознавање на храброста и борбеноста, издржливоста и решителноста која HR професионалците ја покажаа во изминатите 365 дена.

А денес е и нашиот роденден, 24HR го слави својот прв роденден од лансирањето на 20ти мај 2020 година. По тој повод, од 20ти мај до 20ти јуни сите услуги на 24HR се достапни по намалена цена за -20%. За да добиете понуда, пишете ни на marketing@24hr.mk или јавете се на +389 71 211 851.

Ви посакуваме честит Меѓународен ден на човечките ресурси!

Тимот на 24HR

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...