Ако почувствувате стагнација во вашиот професионален живот потребно е да размислите како да напредувате на вашата тековна позиција, да направите промена на работното место или да започнете нешто свое.
Многумина од нас во текот на работниот век се соочиле со она тешко чувство на стагнација кога секој ден е ист, а работата престанува да биде предизвик. Но и покрај тоа, повеќето луѓе избираат сигурни околини и силно и се спротивставуваат на промената, дури и кога тоа е штетно за нивната кариера.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да пронајдете рамнотежа и притоа да напредувате во вашата кариера:
Дефинирајте го вашиот успех
Секој има различна дефиниција за успех. Некои сакаат да станат директори за 5 години, други сакаат да учат и да продолжат понатаму. Размислете како сакате да изгледа вашата кариера во иднина. Она за што се стремите сега, можеби за 5 или 10 години,’ќе се промени. Долгорочното размислување ќе ви помогне да ја дефинирате вашата верзија за успехот.
Воспоставете цели и временски рамки
Воспоставувањето специфична цел што треба да се постигне во одредено време ви дава јасен пат за напредок. Без цели, временската линија е едноставно распоред. Разбијте го големиот план во остварливи цели. Разгледајте ги чекорите што треба да ги преземете за да го достигнете следното ниво во вашата кариера.
Започнете со вмрежување
Од суштинско значење е да ги познавате луѓето во вашата индустрија. Освен приватно, дружете се и професионално. Зачленувајте се во организации, презентирајте го вашиот труд и слично. Бидете во тек со најновите случувања во вашата област.
Разговорите со вашите врсници, ментори и менаџери за можностите за напредување во вашиот простор може да ви бидат од голема помош. Колку повеќе информации собирате, толку е подобро за вас.
Инвестирајте во вашите способности како вработен
Одвојте време да ги развиете квалитетите коишто се ценети на вашето работно место. Подобрете ги своите „меки вештини“, како што се комуникација и пишување, критичко размислување и способности за решавање проблеми.
Учете од набљудувањето на вашите врсници и лидери во групата. Погледнете како тие се справуваат со конфликтите и како ги решаваат проблемите. Внимавајте на нивниот начин на комуникација.
Развијте ги вашите лидерски вештини
Ако покажете некои добри способности на вашето работно место и сте подготвени да преземете одговорност за вашата работа, работодавците дефинитивно ќе ви „фрлат“ можности за напредување. Искористете ја секоја можност. Работодавците промовираат или нудат нови можности за кариера на вработените кои ќе покажат дека можат да се справат на позиција на лидер затоа што колку повисоко напредувате во некоја организација, толку повеќе луѓе најверојатно ќе мора да надгледувате.
Развијте добар живот и работни навики
Се вели дека успешните професионалци знаат како да одржат состанок. Ако организацијата не ви доаѓа природно, тогаш стекнете ги вештините. Личната организација е пакет алатки што можете да го понесете со вас каде и да одите.
Стремете се кон повеќе
Нови одговорности, нови вештини и нови цели. Не потпаѓајте во комфорна зона кога ќе ги научите сите тајни на новото работно место. Стекнете повеќе знаење за да одите напред и да имате јасен пат до врвот до кој сакате да се искачите. Кога ќе се појави следната голема можност, вие не само што сте квалификувани, туку се претставувате и како идеален кандидат.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.