Голем број регрутери првото интервју со кандидатите одлучуваат да го направат преку телефон. Ова се неколку прашања кои ќе ви помогнат да добиете појасна претстава за вештините и квалитетите на кандидатот.
Телефонските интервјуа многу често се распоредуваат во раните фази од процесот на селекција и се еден вид на иницијален скрининг преку кој регрутерите утврдуваат дали кандидатите ги исполнуваат основните услови кои се потребни за позицијата.
24HR издвои 9 прашања кои треба да ги поставите за време на телефонското интервју со цел да го извадите најдоброто од потенцијалните кандидати за вработување:
1. Кажете нешто за себе?
Одлично прашање за да го скршите мразот и еден од начините да дознаете повеќе за кандидатот. Ќе ви помогне да добиете информација за тековниот статус на кандидатот, неговото претходно работно искуство, професионалните квалификации и достигнувањата.
2. Опишете се себеси.
Наместо да ви кажува за своето искуство и претходните позиции, кандидатот на ова прашање треба да ги демонстрира своите вештини и квалитети што го прават релевантен за позицијата.
3. Зошто аплициравте за оваа позиција?
Обрнете внимание дали тоа што што ќе го каже кандидатот ќе се совпаѓа со задачите наведени во описот на работното место.
4. Зошто ја сакате оваа работа? / Зошто барате нова работа?
Ако кандидатот сè уште е на тековната работна позиција, слушнете што има да каже за неговиот сегашен работодавец. Ако започне со лош разговор за компанијата, тоа е веќе црвено знаме. Ако кандидатот бил отпуштен на претходната работа, видете како тој го објаснува тоа на позитивен начин и што презел за да ги подобри своите вештини и стилови на работа во меѓувреме.
5. Кажете ни што знаете за позицијата?
Проверете дали кандидатот одвоил време да го прочита описот на работното место и да ја истражи вашата компанија.
6. Зошто сакате да работите овде?
Ова се разликува од третото прашање бидејќи тука се проверува дали кандидатот навистина ја истражил компанијата. Тој или таа треба да има можност да истакне неколку ставки што можат да се најдат на веб-страницата на компанијата или неодамнешните соопштенија за печатот или вестите. На пример, тие можат да бидат инспирирани од нивната мисија, генерално заинтересирани за самите производи или возбудени од растот на компанијата во индустријата.
7. За што сте страстни?
Погледнете дали пасијата на кандидатот е во согласност со културата на компанијата.
8. Кои се вашите очекувања за платата?
Одлучете дали платата на кандидатот е во или надвор од вашиот буџет за позицијата.
9. Поставете едноставно тест прашање или сценарио.
Погледнете како кандидатите размислуваат под притисок. Тој или таа треба да одговорат за помалку од 30 секунди.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.