СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМПЕНЗАЦИЈА И БЕНЕФИЦИИ

од 24HR

Групацијата Малиќи, е синоним за лидерство на пазарот во индустриите во кои работиме според врвните светски трендови, иновации и стандарди во Македонија, Албанија и Косово. Водени од амбицијата за нови деловни потфати и желбата да освоиме што повеќе пазари и клиенти, го проширивме опсегот на работа во неколку сегменти, како дистрибуција, хотелиерство, градежништво, станбено управување. Сите вработени кои се дел од оваа приказна се посветени на исполнување на мисијата и визијата и се водат од воспоставените вредности во исполнувањето на целите и процесот што води до нив. Цврсто веруваме дека сите наши компании и нашиот тим вработени заедно можат да испорачаат повеќе, поефикасно и поуспешно, црпејќи знаења и вештини едни од други, меѓусебно надградувајќи се и давајќи им можност на сите подеднакво да учествуваат во давање идеи и создавање нови деловни можности. 

Доколку имате одлични комуникациски способности, сакате работа со луѓе, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Малиќи групацијата, на следната работна позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМПЕНЗАЦИЈА И БЕНЕФИЦИИ

Работни задачи и обврски:

  • Изготвува пресметки за плата и извештаи врз основа на месечни варијабилни податоци
  • Врши подготовка, евиденција и ажурирање на целокупната персонална евиденција  (физички и софтверски),
  • Води евиденција за боледувањата на вработените и врши поднесување на документи за боледувања на вработени до Фондот за здравствено осигурување
  • Спроведува активности поврзани со Осигурување на вработените при работа
  • Врши пријава и одјава на вработените во Агенцијата за вработување
  • Подготвува договори за вработување, анекси кон договори и останати административни обврски
  • Организира санитарни и систематски прегледи за вработените

Потребни способности и компетенции:

  • Работно искуство минимум 2 години
  • Образование ВСС
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Познавање на Законот и регулативите за работни односи
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Одлични аналитички и организациски способности
  • Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност,
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот со доставуање на биографијата (CV) електронски на vrabotuvanje@maliqigroup.com со назнака за ,,Специјалист за компензација и бенефиции”

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...