Со еден клик до Вашето ново работно место JobLink by Dekra

од 24HR

“JobLink by DEKRA” ЗА СИТЕ НАС, нов портал кој ги поврзува барателите на работа и работодавачите

Развојот на нова и корисна технологија од ден на ден е се поважна за личниот и професионалниот живот. Модерното живеење бара решенија кои го олеснуваат пристапот до информации и услуги. ДЕКРА Македонија како долгогодишен креатор на ХР сцената кај нас, ги препозна овие барања и започна проект за креирање на нов интерактивен портал “JobLink by DEKRA” кој е креиран да биде вистинско решение преку кое кандидатите за работа ќе ја пронајдат работната позиција која ја посакуваат, а компаниите во своите редови ќе ги добијат најдобрите професионалци, но воедно да добијат простор каде може да ги презентираат своите компании, вработени, производи, вредности низ призмата на ХР-от како наша водилка.

Нашата мисија е јасна, како силна заедница ги спојуваме луѓето и работата и заедно креираме синергија. Ги разбираме предизвиците со кои се соочува денешниот пазар на труд и посветени сме да обезбедиме простор каде докажаните партнери ќе можат да се здружат за да создадат успешна соработка.  При имплементација на решението создадовме алгоритми, преку кои порталот ги поврзува барателите на работа со можностите кои се усогласени со нивните вештини и аспирации, а компаниите отсега можат лесно да објавуваат огласи за слободни работни позиции, да ги следат апликантите и ефикасно да управуваат со нивните процеси на вработување на едно ново, повисоко ниво – изјави Дејан Чекаров, Извршен Директор на ДЕКРА Арбеит Македонија.

Нашиот тим од експерти има долгогодишно искуство во секторот за вработување, а Декра Македонија има силни партнерства со водечки компании во целиот регион. Создавањето доверба е долготраен процес. Клиентите бараат квалитетна услуга, а ние сме задолжени да им обезбедиме широк опсег на можности. Затоа дадовме голема поддршка  Декра Македонија да го имплементира ова решение. Огромно е задоволството кога вакви иницијативи доаѓаат од помал економски пазар, но ете токму тој мал пазар има што да понуди. Преку долгогодишното делување, можеме да оцениме дека овој портал значи многу за олеснување на процесите за компаниите но и за кандидатите- изјави Сузана Бернхард, Потпретседател  на Групацијата ДЕКРА-Германија.

DekraJobLink.mk” веќе од денес е достапен за сите корисници.

Внесете ги Вашите податоци за регистрација и чекајте ја вистинската можност за Вашиот натамошен професионален развој.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...