Во пресрет на 1 јули 2025 година – датумот кога стапува во сила новиот Правилник за безбедност на обработката на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 266/2024) – компанијата АЦТ! организира практична и интерактивна работилница со цел да им помогне на организациите полесно и поефикасно да се усогласат со новите законски обврски.
Настанот ќе се одржи на 21 мај 2025 година (среда), во хотел Квинс, Скопје, со почеток во 10:00 часот.
Работилницата е со фокус на практична примена на прописите. Наместо теорија, учесниците ќе добијат конкретни упатства, примери и алатки за процена на ризици, дефинирање на технички и организациски мерки, и воспоставување на систем за безбедност на личните податоци.
Според организаторите, работилницата е наменета за:
- професионалци кои веќе започнале со усогласување и сакаат да ги преиспитаат и доусовршат чекорите за усогласување,
- како и за оние кои сѐ уште не започнале со подготовките за исполнување на новите барања.
Програмата ќе биде реализирана од двајца искусни предавачи – м-р Марјана Планојевиќ, специјалист за заштита на лични податоци и поранешен инспектор, и м-р Ирена Бачановиќ Каракашев, сертифициран консултант за усогласеност со долгогодишно искуство во банкарскиот и корпоративен сектор.
Работилницата ќе се одвива на интерактивен начин, со простор за дискусија, поставување прашања и анализа на конкретни ситуации од пракса, релевантни за различни сектори и типови организации.
📩 За дополнителни информации и пријава, заинтересираните можат да се обратат на е-пошта: obuki@act.com.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.