Триглав осигурување Живот АД Скопје со нов Унит линк производ – одлична можност за балансирано инвестирање

од 24HR

Новите животни текови носат нови предизвици и потреба од развој на нови производи. Триглав осигурување Живот, по внимателно истражување, а следејќи ги потребите на клиентите, во своето портфолио на продукти понуди нов Унит линк производ со балансирана распределба на инвестираните средства, во осигурување на живот и инвестициски фонд.

Еден од инвестициските фондови со кои Триглав осигурување Живот го поврзува овој производ е КБ Публикум-Балансиран. Овој фонд на македонскиот пазар успешно работи од 2009 година и е управуван од КБ Публикум инвест АД Скопје.

Осигурувањето на живот во случај на смрт на осигуреникот поврзано со удели во инвестициски фондови, каде осигуреникот го презема ризикот за инвестирање, претставува производ кој прави баланс помеѓу делот од премијата која служи за купување на удели во инвестициски фонд и премија која овозможува загарантирано осигурително покритие во случај на смрт на осигуреникот.

Кај овој производ осигурувањето може да се склучи на период од 3 до 20 години што претставува одлична можност за инвестиција на краток или подолг рок согласно потребата и личниот план, а пристапната старост на осигуреникот може да биде од 14 до 65 годишна возраст. Клиентите сами ја избираат висината на годишната премија, периодот на осигурување како и висината на загарантираната осигурена сума.

Условите за осигурување, кај овој производ на Триглав осигурување Живот, даваат можност кон ова осигурување да се додадат дополнителните осигурувањата со покритие за последици од несреќен случај и тешко болни состојби. Во случај на смрт на осигуреникот, во периодот додека е активна полисата, се исплаќа загарантираната осигурена сума во случај на смрт, како и дотогаш акумулираната вредност на инвестициската сметка. Во случај на доживување, се исплаќа вкупната вредност на инвестициската сметка при завршување на договорот за осигурување.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...