Марк Кубан: Ова е тип на личност што секогаш треба да ја вработите

од 24HR

Познатиот милијардер Марк Кубан има создадено и инвестирано во голем број профитабилни компании, а една од тајните на неговиот успехот е ангажирањето на вистинските луѓе.

Вработувањето на погрешна личност може да доведе го непотребни главоболки. Ова не го кажал кој било туку познатиот милијардер Марк Кубан кој позади себе има низа успешни потфати благодарение на својот добар инстинкт за препознавање на потенцијали.

„Го сакате најдоброто“, изјави сопственикот на кошаркарскиот тим Далас Маверикс и инвеститор на „Шарк Тенк“ во неодамнешна епизода на подкастот “Starting Greatness”. Според него, треба да ги преферирате луѓето кои можат да ве забрзаат, кои знаат што сакате да постигнете и што е тоа што одговара на вашата визија.

Кога одлучувате кого да вработите, Кубан препорачува да се запрашате дали личноста, целите и аспирациите на кандидатот се усогласени со „суштинските компетенции“ на вашата компанија.

Ваквите вработени ќе придонесат за „намалување на стресот“, вели тој.

„Не сакате нужно да плаќате за некој што ќе ви предизвика голем стрес. Сè уште ви требаат луѓе кои преферираат да работат од 9 до 5 – ви требаат луѓе на кои ако им кажете да направат A, B и C, тие совршено ќе го направат тоа, објасни Кубан. „Тие се намалувачи на стресот“.

Некои вработени сакаат да одат подалеку за да ги постигнат задачите D, E и F, вели тој. „Вие сакате да имате и такви вработени, но не премногу бидејќи тие можеби нема да ги завршат задачите A, B и C.

Постојат и вработени кои се визионери, смета Кубан, кои скокаат на задачите G, H и I без да бидат прашани.

Освен ако не се обидувате да ги ставите во визионерска позиција, тие се проблем. Тие не можат да се прилагодат на културата бидејќи може да предизвикаат конфликт околу тоа каква е или треба да биде визијата на компанијата.

Според Кубан, мора да ги ангажирате и поставите вистинските луѓе на вистинските улоги.

За да понуди пример, тој се осврнува на важноста на тимските играчи во еден кошаркарски натпревар. Тие се луѓето кои ја знаат својата работа и се важни за тимот бидејќи гинат за освојување на секоја топка. Иако не секогаш добиваат заслуга за победените натпревари, тие се оние без кои вие не можете да живеете, вели тој.

„Тоа се луѓето на кои им давате покачување, иако можеби не го побарале тоа, бидејќи знаете и многу брзо препознавате дека не можете без нив“.

Кубан препорачува да се држите до методата „вработувај бавно и отпуштај брзо“. Штом сфатите дека некој создава стрес, предупредува тој, мора веднаш да се ослободите од него.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...