А1 Македонија најавува нов повик за бесплатната Академија за дигитални вештини, „A1 Academy” и од денеска до 03.04.2024 г. ја отвора можноста за пријавување на модулот – Бизнис аналитика.
“Академијата за Бизнис Аналитика нуди иновативен и современ пристап кон решавање на традиционалните бизнис предизвици, а воедно и совладување на модерните и актуални бизнис проблематики што произлегуваат од технолошки напредниот 21ви век. Целта на оваа програма е да се објаснат најновите методи и практики кои се повеќе се употребууваат во сферата на бизнис аналитика и оперативниот менаџмент на младите и заедницата за реално практикување на дигиталните вештини неопходни за современ и модерен живот. Повторно очекуваме голем одзив и подготвени сме да ги споделиме знаењата со младите луѓе на кои им е потребно детално познавање на модерните тематики” – изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.
Сите млади на возраст од 18 до 25 години што сакаат да бидат дел од целосно бесплатната „A1 Academy” и модулот – Бизнис-аналитика, потребно е да пополнат апликација, достапна на следниот линк. Сите пристигнати апликации ќе бидат детално разработени, а селекцијата ќе биде направена врз основа на мотивациско писмо, желбата и мотивот на кандидатите. Курсот започнува на 9 април 2024 година.
По завршување на секој модул од Академијата, секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.
Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“.
Сите информации за академијата можете да ги најдете на официјалната веб страница на линкот.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.