КОЛА започна како мала фамилијарна компанија во 1992 година, со визија да стане најдобра дистрибутерскa куќa во регионот -најдобро организирана, со најсовремени софтверски решенија, лидер во воведувањето на светските новитети. Уште на самите почетоци КОЛА го избра квалитетот како единствена мерка за успех.
Практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, професионализација на сите процеси и воведување високи стандарди во своето работење, КОЛА денес е компанија која ги поместува границите на регионалниот пазар.
Големиот број интегрирани системи што се основа на работењето на КОЛА придонесуваат за квалитетна имплементацијата, широка анализа на работењето и постојано унапредување на сите процеси. Успехот се базира и на одговорноста што компанијата ја негува во сите аспекти на бизнисот, како и максимално посветената и професионална работа на повеќе од 290 вработени.
Доколку имате желба да бидете дел од компанија со големо искуство која го разбира значењето на човечкиот капитал и се грижи за развојот на сопствените човечки ресурси и нивно натамошно усовршување и унапредување, Ве молиме внимателно проследете го нашиот оглас.
Администратор за човечки ресурси
1 (еден) извршител на определено време од 6 (шест) месеци
УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТАТА?
- ВСС;
- Работно искуство најмалку 1 година во струката;
- Солидно познавање на MS office пакетот (word, excel);
- Возачка дозвола Б категорија;
КРАТОК ОПИС НА РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ:
- Врши пресметка и изработка на плати и надоместоци на вработените во друштвото;
- Врши пријави и одјави на вработените;
- Го основа и надгледува системот за документација на вработените односно индивидуалното досие на секој вработен;
- Ја подготвува соодветната документација за регистрирање на нови вработени во друштвото;
- Ги надгелдува и регистрира дневните одмори, отсуства и боледување на секој вработен и подготвува статистички прегледи;
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ:
- организациски вештини
- комуникациски вештини
- одговорност и посветеност
- способност за индивидуална и тимска работа
ШТО НУДИМЕ?
Работното време трае 5 работни дена односно 40 часа неделно. Од понеделник до петок работното време започнува во 08:00 часот, а завршува во 16:00 часот.
Компетитивна плата
Приватно здраствено осигурување
Пријателска работна атмосфера
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.