Денес во Хотел Мериот, Скопје, се одржува бизнис настан за отпочнување на Програмата за сертификација и награди „МАЦЕКС“, која има за цел јавно промовирање на сите македонски компании и организации кои демонстрираат посветеност во создавањето работни места насочени кон добросостојбата и разбирањето на потребите на луѓето, следејќи го искуството на вработените како важен индикатор за создавање средина која е одлично место за работа и живот!
Процесот на сертификација на наградите „МАЦЕКС“, го организира Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени, МАЦЕКС, во соработка со ВИТА ИНСТИТУТ и QUINTAUM.
Во денешниот крајно неизвесен и брз свет, вработените претставуваат најважен капитал на секоја организација. Разбирање на потребите и перспективите на поединците е од клучно значење за менаџерите и организациите да ги задржат талентите, и да ги инспирираат вработените да се развиваат и да останат конкурентни.
Охрабрени сме од се по свесното согледување дека сето ова не е можно без благосостојба и добро ментално здравје на вработените, знаејќи дека овозможувањето на пристоен живот на вработените е основно за постигнување одржливи високи перформанси. Затоа, Сертификацијата служи како доказ за посветеноста на компанијата/организацијата кон оваа цел и има важност од 13 месеци од нејзиното издавање.
Овие сигнали, индикатори и ризици не се лесни за откривање и мерење, особено да се направи тоа навремено, ефективно и достапно. Ние сме среќни што соработуваме со дијагностика од светска класа за организациско здравје и долгорочна отпорност Quintaum со научно потврден прашалник и најсовремена аналитика. Со оглед што позитивното искуство на вработените, докажано влијае на продуктивноста, ангажираноста, иксуството на клиентите и успехот на компанијата, мерењето на искуството на вработените како активност повеќе не е во категоријата „добро“ да се прави туку „неопходно“ да се има!
Воедно, за процесот за сертификација и награди МАЦЕКС и можноста за вклучување на сите заинтересирани компании дознаваме од претседателката на МАЦЕКС, и сопственичка на Вита Институт Христина Велковска додека за методологијата Quinataum од Љубљана ни пристигна, Др. Андреја Кодрин, основач и директор на QUINTAUM.
За да го пријавите вашиот интерес, или за повеќе информации за процесот, условите и начинот на вклучување може да се обратите на contact@macex.mk и contact@vitainstitut.com.
(hash tags za #employeeexperience, #quintaum #humanresources #hrdiagnostic #exawards)
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.