четврток, декември 25, 2025
Почетна НовостиБлагодарница за „Макпетрол” за посебен придонес во развојот на клиниката „Св. Наум Охридски”

Благодарница за „Макпетрол” за посебен придонес во развојот на клиниката „Св. Наум Охридски”

by 24HR

„Макпетрол” АД, како компанија со 75-годишна традиција верува дека општествената одговорност на компаниите има голем придонес во развивање на општеството и во обезбедувањето на квалитетен живот на граѓаните.

Токму затоа, ни претставува огромно задоволство и чест што на вчерашната свечена академија, по повод 60-ти годишен јубилеј на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”, на компанијата „Макпетрол” АД ѝ беше врачена благодарница за посебен придонес во развој на клиниката.

„Веруваме дека со вакви проекти, приватниот и јавниот сектор во државата заеднички може да создадат похумано секојдневие за граѓаните и партнерски да напредуваме како општество. Овие корпоративни вредности се врежани во секојдневното планирање и работење на компанијата, што ја докажува и нашата определба да продолжиме и понатаму со уште поголем интензитет. „Макпетрол” АД Скопје ќе продолжи со својата заложба да вложува во општествено одговорни проекти, бидејќи веруваме дека големината на една успешна компанија е токму во несебичните постапки кои можат да го подобрат целокупното живеење во нашата држава”, истакнуваат од „Макпетрол”.

Related Posts

Leave a Comment