Даниел Спорк, Телеперформанс: Ја сакам Македонија, луѓето и добрата храна

од 24HR

Тој е страствен љубител на работата со луѓе и верен поддржувач на фудбалскиот клуб Шалке 04 – запознајте го Даниел Спорк и неговата приказна како Teamlead Recruiting Nearshore, воедно одговорен и за Teleperformance Македонија.

Даниел Спорк е личноста која редовно се појавува во кампањите за вработување на Телеперформанс во целиот регион. Телеперформанс е брзорастечка компанија која достигна бројка од скоро 400 вработени и масовно вработува кандидати со германски јазик, а доколку и вие сте еден од нив и аплицирате за работа во компанијата, многу веројатно е дека ќе имате разговор токму со него. Дознајте повеќе за Даниел, неговата приказна и улога во Телеперформанс во Македонија и методите за регрутација кои ги користи компанијата, во неговото интервју за 24HR.

Кој е Даниел Спорк и која е неговата улога во Teleperformance?

Јас сум Даниел Спорк и работам во Телеперформанс веќе 6 години. Започнав да работам како Агент за корисничка поддршка, позиција за која имаме најголем број отворени позиции во Скопје, а веќе 3 години сум дел од одделот за регрутација. Од ноември 2021 година, јас сум одговорен за регрутирањето кандидати за Телеперформанс во регионов во улога на Teamlead Recruiting Nearshore.

Какво е чувството да дојдете и да работите во нашата земја?

Улогата на регрутер во нашата компанија е важна и интересна, носи свои предизвици особено да се работи со локалните луѓе. Ја сакам Македонија, луѓето се секогаш пријателски расположени и се тука да ти помогнат и, секако, добрата храна. Неодамна дознав дека во Скопје е и фудбалскиот клуб Вардар, чии поддржувачи се „збратимени“ со поддржувачите на Шалке 04, за кого јас навивам, па ете и таа случајност ми помага да се чувствувам убаво во Скопје.

Телеперформанс вработува над 350 луѓе во Македонија. Што е потребно за да се стане дел од вашата компанија?

Во принцип секој што има желба да работи како советник за корисничка поддршка може да нѝ се приклучи. Доброто познавање на германски јазик е најважниот услов за моментално отворените работни позиции, но имаме и проекти со други јазици. Сѐ што треба е да стапите во контакт со нас и сѐ останато ќе биде организирано од нашиот тим кој ке ве воведе во работниот процес.

Што им нуди Телеперформанс на вработените?

На нашите вработени им нудиме одлични услови за работа, можности за развој и кариера и работа во добар тим. Со еден збор, им нудиме одлично место за работа, а тоа го потврдува и Great Place To Work® сертификатот кој го добивме во 2021 година.

Освен богатата бенефициска програма, во  и некои внатрешни иницијативи за натамошен развој како што е програмата JUMP! Дали може да нѝ кажете нешто за тоа?

JUMP! програмата е една од основните развојни програми на ниво на групацијата Teleperformance. Со оваа програма нашата цел е да го откриеме и промовираме талентот на нашите вработени. Секој вработен, вклучително и вработените во Македонија, има можност да учествува во оваа програма и да се увери во бенефитите од истата. Јас го направив ова пред 5 години и тоа беше мојата најдобра одлука.

Деновите на отворени врати се еден од иновативните начини со кој Телеперформанс регрутира кандидати во Македонија. Последно, ваков настан имавте во Скопје и Охрид. Дали може да ни кажете повеќе за тоа?

Деновите на отворени врати се многу возбудлив настан за нашите кандидати, пракса која први ја воведвовме во земјата. На „отворените денови“ Телеперформанс буквално ги отвора вратите за сите што сакаат да дознаат повеќе и уште веднаш да се вработат во компанијата преку директен разговор со нашите претставници. На последните Денови на отворени врати кои се оддржаа во Скопје и Охрид имавме можност да запознаеме и вработиме голем број кандидати, а сите што се вработија за време на овие „Денови на отворени врати“ добија бонус од 300 евра.

Уште еден новитет во Телеперформанс е и нов начин на аплицирање со кој сите кандидати можат да аплицираат за работа во неколку чекори. Што се случува откако кандидатите ќе аплицираат на www.TPSkopje.com?

Опцијата да аплицирате само со аудио запис е вистинска иновација. Веднаш штом кандидатите ќе пополнат апликација на www.TPSkopje.com таа се проследува до соодветниот оддел и во најкраток можен рок тие добиваат повратна информација. Се што треба да направите е да одговорите на неколку прашања во однос на вашите општи податоци, познавањето на германскиот јазик и работното искуство.

Како што кажавте, Teleperformance Северна Македонија го доби сертификатот Great Place To Work®. Што значи ова за вас како компанија?

Great Place To Work® е сертификат со кој може да се пофалат само мал број на компании, имајќи предвид дека станува збор за глобален сертификат за кој мора да исполните важни критериуми во однос на работното место. Оваа сертификација значи дека успеавме да создадеме работно место кое исполнува одредени стандарди и критериуми.

За крај, која е вашата порака за познавачите на германскиот јазик во Македонија?

Мојата порака за нив е да стапат во контакт со нас и што поскоро да станат дел од нашиот тим. Со нетрпение го очекувам нивното интервју 😊

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...