Ден за прваче-Стопанска банка АД Скопје

од 24HR

Стопанска банка АД – Скопје е една од поголемите компании во земјата со речиси 1000 вработени. Во структурата на вработени потребите за баланс помеѓу работата и приватниот живот налага разновидни напори на Секторот за кадри, покрај вообичаените активности за плата, бонус, регрес и сл.

Овој тим во последните неколку години направи повеќе чекори за зголемување на задоволството на своите вработени со разновидни нефинансиски активности: уникатни тимски забави, филтрирана вода за пиење, бесплатно кафе, можност за волонтирање на проекти од јавен интерес, менторирање на студенти и учество во истражувачки студии, слободен ден за роденден и најновото најавено денес – слободен ден за прваче. Како што стои во соопштението “Поддржувајќи ги семејните вредности и почитувајќи го балансот помеѓу работата и приватниот живот, Стопанска банка АД – Скопје за своите вработени кои имаат прваче одобрува платен одмор на првиот училишен ден во тековната година. Како значајна пресвртница во животот на секое дете присуството и поддршката од родителите на првиот училишен ден се особено значајни за почетокот на ова ново животно поглавје и за создавањето на заеднички семејни спомени.”

Ги поздравуваме ваквите акции кои придонесуваат за градење на припадност и лојалност кон тимот на долг рок.

Од Банката дознавме дека 46 вработени го искористија овој бенефит.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...