Професионалците за човечки ресурси треба да се држат до највисоките стандарди кога станува збор за доверливост на податоци. HR ги собира овие податоци преку регрутирање и вработување, документирање на плати ,бенефиции и повеќето други функции за човечки ресурси.
Менаџерот за човечки ресурси, има етичка и правна одговорност да ги чува доверливите и чувствителни информации на работното место и надвор од фирмата.
Секоја организација е обврзана да чува одредени информации доверливи ,на секторот за човечки ресурси обично им е доверено одржување чувствителни податоци и информации за вработените и раководството(одлуки,отказ,нови вработувања). Како резултат на тоа, прашањата за доверливост во секој оддел за човечки ресурси се сложени. Одржувањето на доверливоста може да биде особено тешко кога одредени информации мора да им се обелоденат на други(пр на раководството), а човечките ресурси мора да воспостават рамнотежа помеѓу зачувувањето на доверливоста на вработените и завршувањето на задачата или на проблемот онака што ќе биде праведна за двете страни.
Одделите за човечки ресурси мора да воспостават процедури за заштита на сите овие информации
-Заклучени кабинети каде што се чуваат нѓхартиени копии од документи кои содржат какви било чувствителни информации. Клучевите од овие кабинети треба постојано да ги носи менаџерот за човечки ресурси.
-Висока безбедност, заштитени со лозинка бази на податоци за дигитални датотеки.
-Темелен процес на воведување на новиот вработен за човечки ресурси во процедурите за доверливост.
-Обука за доверливост за целиот сектор за човечки ресурси во текот на целата година.
-Договори со која вработените ќе се обврзат на забрането објавување и заштита на доверливи информации на компанијата.
-Детален процес за преземање на одредени дејствија доколку се случи какво било прекршување на договорт за доверливи информации
Прекршувањето на доверливоста може да има огромно влијание врз довербата на Одделот за човечки ресурси, а можеби и врз бизнисот во целина. Важно е оние кои се делегирани со одговорности за човечки ресурси да го задржат нивото на доверливост што е потребно и тоа да го прават за општото добро на нивните вработени и нивната компанија.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.