Интервју со Алeксандар Митков : S&T Македонија е водечки снабдувач на IT решенија и IT услуги во Македонија.

од 24HR

Во 2022 година S&T одбележува 28 години од своето присуство на македонскиот пазар. Следната година за нас претставува преодна година која ќе не води кон jубилејната 30ка  и истата сама со себе носи многу промени и предизвици

Кажете ни како изгледаа вашите почетоци и каде сте сега?

Од основањето во 1994 година, S&T Македонија е водечки снабдувач на IT решенија и IT услуги во Македонија. Интегрираме целосни IT решенија што ги исполнуваат техничките, оперативните и финансиските цели на нашите клиенти.

Во почетоците дејноста на компанијата е дистрибуција на производи од производителот Hewlett Packard. Со текот на времето системската интеграција станува водечки дел од работењето кој и ден денес ја прави S&T Македонија препознатлива на домашниот пазар.

Зацврстувањето на партнерските релации со светски познатите вендори во делот на системска интеграција, мрежи и безбедност ја загарантира стабилноста и растот на компанијата во текот на годините.

Понатамошниот тек на настаните води до формирање на деловната единица за деловни решенија во која спаѓа и “SNTHR“ Софтверското решение за менаџирање на човечки ресурси за кое што го водиме и овој разговор.

S&T создаде oдличен ХР софтвер наменет за зголемување на ефикасноста на компаниите, нешто повеќе за софтверот?

Приказната за формирање на “SNTHR“ започна пред 7 години со инвестиција од страна на S&T во тим на млади ентузијасти. Формирањето на тимот беше следбеник на анализата на пазарот, (не)присутноста на “големите играчи“ кои се занимаваат исклучиво со оваа проблематика. Првите чекори ги направивме во детална анализа на процесите кои се основни во еден поголем сектор за ЧР. Искуствата и партнерствата од останатите членки на S&T групацијата беа од огромна помош во тешките почетоци и формирањето на целото софтверско решение. Таа анализа и искуства со кои се стекнавме ни дадоа можнст за моделирање и креирање на архитектура на софтверкото решение.

Вториот најзначаен фактор за “SNTHR“ денес да биде комплетен софтвер кој ги покрива сите аспекти воедно беше и нашиот прв клиент. Неуморните состаноци, агилниот пристап на развој и имплементација резултираше со успех. Тука би ја искористил оваа прилика да се заблагодарам на една личност која ќе се препознае читајќи го овој текст 😊.

Бидејќи добриот глас брзо се шири, интересот на голем број компании направи да бидеме приморани да направиме комплетен “рефакторинг“ на решението, како би можеле да одговориме на сите барања на нашите тогаш потенцијални клиенти.

Денес “SNTHR“ претставува модерно, модуларно ВЕБ базирано решение во кое се обработуваат податоци за повеќе од 15.000 вработени само во границите на нашата мала држава. Оваа бројка можеби не е преголема, но сите овие вработувања се направени/мигрирани низ процесите кои SNTHR ги поставува и моделира согласно потребите на клиентите.

Секторите за човечки ресурси се соочуваат со нови  предизвици во поддршка на бизнис трансформацијата. Поддршката на новите форми на интеркултурно управување, игра значајна улога во секторите за човечки ресурси.

Секторите на вработените за човечки ресурси имаат стратешска улога во обезбедувањето ангажман на вработените и социјалната кохезија. “SNTHR“ предвидува решенија за предизвиците и ја поттикнува трансформацијата, помагајќи им на секторите за човечки ресурси да одговорат на проблемите околу процедурите на работниот тек, управувањето со перформансите и посветеноста на самите вработени.

За кого е наменет SNTHR?

Наменет е за сите кои што сакаат комплетно да го дигитализираат Секторот за човечки ресурси. Најголем бенифит добиваат компаниите кои имаат целосна имплементација на сите модули, дури и компаниите кои имаат т.н rollout имплементации на SAP, Success Factors или Microsoft Dynamics 365 Business Central одлучуваат да го користат “SNTHR“ како централен софтвер кога се во прашање процесите на ЧР. Секако, комплетно интегрирано со постоечкиот ERP систем.

Ве молам накратко за начинот на претплата и пакетите кои ги нудите?

SNTHR претставува модуларно софтверско ВЕБ решение. Секој од нашите клиенти мора да започне со CoreHR модулот, па потоа да продолжи кон останатите модули. Формулата на наплата зависи од избраните модули, бројот на корисници и бројот на вработени.

Софтверот (засега) ги содржи следните модули: Организациска структура, Персонална евиденција, Вработување, Регрутација, Евиденција на работно време, Плата и други исплати, Безбедност и здравје при работа, Менаџирање на перформанси,  “Селф-Сервис“ и неколку други помали.

Доколку е дозволено набројте неколку компании од македонскиот пазар кои се ваши корисници?

Верувам дека голем број од читателите на 24HR веќе детално ја познаваат нашата референтна листа, затоа не би сакал да набројувам. Најголемиот процент од нашите клиенти се компании кои влегуваат во листата на најголеми работодавачи во Македонија.

Што е вашата предност во однос на конкурентите на пазарот,гледаме дека се повеќе хр софтвери се појавуваат?

Нашата предност е длабокото познавање на ХР процедурите, секојдневните предизвици на вработените во ХР фелата и фокусот кон нашиот продукт. Спојот меѓу техничките и ХР познавања резултира со изработка на софтверски функционалности кои навистина им се допаѓаат на нашите корисници.

Какви се плановите на  SNTHR за во иднина?

Големи хахаха. Како што кажав и на почетокот, следната година за нас е преодна година во која многу работи ќе бидат изменети. Продолжуваме по патот кој го имаме цврсто зачекорено, да бидеме рамо до рамо со големите играчи во светот на софтверски решенија за ЧР. Имаме цело брдо идеи кои чекаат да бидат реализирани 😊.

Многу зачестен поим во минативе години е “Дигиталната Трансформација“ иако за тоа се зборува многу одамна. Нашата цел е “SNTHR“ да преставува пионер во трансформацијата на компаниите кои работат во нашата земја.

Нешто за крај?

За крај би им ги честитал празниците на сите читатели на 24HR и би ги повикал доколку се заинтересирани да се запознаат подобро со “SNTHR“ и тимот кој стои позади него, да не контактираат на info@snt.mk.

За авторот:

Александар Митков-Business Development Manager S&T Macedonia

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...