Eднодневна онлајн работилница на тема „Како да се спречи конкурентско дејствување од работникот на штета на работодавачот?

од 24HR

Стопанската комора на Северна Македонија, на 29 март 2024 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема „Како да се спречи конкурентско дејствување од работникот на штета на работодавачот?

Кога да се предвиди конкурентска клаузула и како таа да се примени во пракса? Дали почитувањето на конкурентската клаузула се плаќа? Кои лица можат да склучат менаџерски договор? Што го прави овој договор посебен?“.

На работилницата ќе се дискутира за забраната за конкурентско дејствување преку анализа на конкурентската забрана и конкурентската клаузула. При тоа, ќе се посочат разликите и сличностите помеѓу овие две законски категории и ќе се разговара за тоа колку е ефективна нивната примена во пракса. Особено ќе се дискутира за тоа како најдобро да се направи проценка за кои работни позиции е неопходна конкурентска клаузула, и откако ќе се вметне во договорите за вработување, како таа да се реализира и да се обезбеди нејзино остварување по завршетокот на работниот однос.

Ќе се анализираат посебностите на менаџерскиот договор, кој ја диктира позицијата на менаџерите во деловното работење. Ќе се разговара по однос на прашањето дали во Македонија се применуваат издржани менаџерски договори, и како всушност да се концепира договор кој во сé ќе ја оствари целта за неговото донесување.

Во рамки на работилницата, ќе се направи преглед на обврската за чување деловна тајна и последиците на непочитувањето, од аспект на тоа како да се дефинира што за секој конкретен работодавач ќе претставува деловна тајна и како да се изработи интерен акт на работодавачот за протокол околу чување деловна тајна.

Крајно, ќе се објасни на кој начин може да се оствари законски издржана измена на договорите за вработување, и кои одредби треба да се избегнуваат од причина што се сметаат за невалидни.

Контакт лица: м-р Анита Митревска ++ 389 2 3244057 anita@mchamber.mk /м-р Михајло Донев ++ 389 2 3244067 Mihajlo@mchamber.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...