Серкан Девечи од технолошкиот гигант Google е едно од ексклузивните имиња кои ќе говорат на PowerToHR – најголемиот самит за човечки ресурси, маркетинг и технологија на Балканот кој на 3. Април 2025 се случува во Приштина.
На помалку од 100 километри од Скопје, доаѓа HR Директорот на Google и еден од највлијателните HR говорници во Европа кој ќе биде дел од PowerToHR – најголемиот самит за човечки ресурси, маркетинг и технологија на Балканот кој на 3. Април 2025 се случува во Приштина, во организација на водечката платформа за вработување KosovaJob.
Серкан Девечи лидер во областа на човечките ресурси во Google, со повеќе од 15 години глобално искуство во стратешко планирање на работната сила, управување со таленти, градење на организациска култура и ангажман на вработените.
Како реномиран говорник со богато интернационално искуство, Девичи е препознатлив по инспиративните предавања за иднината на работата, ефективноста на лидерството, ангажираноста на вработените и управувањето со промени.
На PowerToHR3, неговиот фокус ќе биде неуронауката во ангажманот на вработените, при што ќе сподели практични примери и решенија за поттикнување на овој ангажман. Тој ја истакнува оваа тема како клучна уште од почетните фази на привлекување таленти, па сè до нивното задржување во компаниите.
PowerToHR се случува на 3. Април 2025 во AMC Hall во Приштина со над 40 инспиративни keynote дискусии, masterclass сесии и активности што ги поврзуваат технологијата, луѓето и маркетингот. Сите активности и сесии на самитот ќе бидат на англиски јазик.
Редовната цена за учество на самитот изнесува 120 евра. 24 HR, како ексклузивен партнер на PowerToHR за Македонија, обезбеди промотивна цена од само 79 евра. За да резервирате карта, кликнете на овој линк.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.