Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:
HR Менаџер
Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата.
Во моментот бараме ефикасен HR Менаџер со најмалку 3(три) години искуство на иста работна позиција, кој е подготвен да направи чекор повеќе и да обезбеди одлична поддршка во организацијата и стратешко управување со човечкиот капитал.
Како HR Менаџер, ќе бидеш одговорен/а да осигураш вистински луѓе, на вистински позиции, во вистинско време — мотивирани, продуктивни и усогласени со вредностите и целите на компанијата. Expanda расте со неверојатна брзина, а твоја задача е да придонесеш за овој раст преку пронаоѓање на вистинските луѓе и градење тимови кои ќе го поддржат овој развој.
Твоите одговорности ќе бидат:
Целокупен процес на регрутација
- Објавува и управува со огласи за работа според организациските потреби;
- Спроведува селекција на кандидати, одржува интервјуа, профилира кандидати и предложува потесен избор на кандидати до Менаџерот на тимот;
- Реализира и координира процес на onboarding.
Управување со перформанси
- Спроведува процес на оценување на перформансите на вработените (годишно и периодично);
- Координира дефинирање на цели и индивидуални развојни планови;
- Следи резултати и предлага активности за унапредување на перформансите;
- Препознава таленти и го следи и поддржува нивниот развој.
Обуки и развој
- Идентификува потреби за обука за вработените заедно со менаџерите на сектори;
- Организира интерни/екстерни обуки и обезбедува акционен план за спроведување на новите знаења;
- Мери реализација на акциониот план и предложува подобрувања.
Мотивација и задржување на вработени
- Развива и имплементира програми за задоволство и ангажираност на вработени;
- Спроведува анкети за продуктивност на вработените, ја анализира мотивацијата и дава препораки;
- Спроведува иницијативи за препознавање и наградување на добри резултати.
Комуникација и поддршка на вработени
- Обезбедува поддршка за секојдневни HR прашања;
- Препознава и делува како посредник при недоразбирања или конфликти на работното место;
- Обезбедува доверлива и професионална комуникација.
Негување култура на давање и барање фидбек
- Развива и одржува практики за давање и примање фидбек помеѓу сите вработени;
- Организира обуки за ефективна комуникација и фидбек меѓу колеги и менаџери;
- Поттикнува култура на отвореност, континуирано подобрување и емоционална интелигенција.
Exit интервјуа и анализа на флуктуација на вработени
- Спроведува exit интервјуа за вработени кои заминуваат од компанијата;
- Ги анализира причините за заминување и предложува мерки за задржување на таленти;
- Води детална евиденција за флуктуација, подготвува месечни и годишни извештаи;
- Соработува со менаџмент во дизајнирање на стратегии за намалување на одлив на вработени.
Организација на настани
- Планира и реализира тим билдинг активности, настани и внатрешни прослави;
- Го зајакнува тимскиот дух и културата на соработка;
- Развива и одржува процеси за подобрување на корпорациската култура.
HR администрација и документација
- Подготвува договори за вработување, анекси, решенија и архивира документација;
- Следи законски измени и ги применува во внатрешните процеси и интерни акти;
Доколку сте:
- Емпатични и сочувствителни;
- Со високо ниво на интегритет и доверливост;
- Ефективен слушател и имате изразени комуникациски вештини;
- Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина;
- Самоиницијативни;
- Лојални и чесни.
И поседувате:
- Најмалку 3(три) години работно искуство на иста позиција;
- Проактивен и професионален пристап во работата;
- Култура за примање и давање на фидбек;
- Високо ниво на корпоративна култура;
- Вештини за управување со луѓе;
- Способност за носење одлуки;
- Способност да ги мотивирате вработените.
Ние ви нудиме:
- Брз професионален развој;
- Годишни прегледи на перформансите и платата;
- Редовни обуки и сесии за споделување искуства;
- Забавни активности со тимот – сакаме да наоѓаме нови и креативни начини да го славиме животот заедно.
Пријавете се со праќање на вашата лична биографија на e-mail:glorija.ribarska@expanda.com.mk
Рок за доставување пријави e до 07.07.2025 година.
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.
