Indeed.com бележи рекорден пад на бројот на огласи за работа

од 24HR

Еден од најпознатите сајтови за пребарување на работни места во светот Indeed.com бележи пад на бројот на огласи за 34 проценти.

Indeed.com бележи драматичен пад на бројот на објавени огласи од почетокот на пандемијата на Ковид-19. За време на последните недели од март, бројот на огласи бил за 15 проценти понизок во однос на минатата година, стои во извештајот што го објави компанијата на почетокот на месецов.

Сега, два месеци подоцна, тој процент е двојно повисок и изнесува 34 проценти.

Сепак, тоа претставува благо подобрување во споредба со состојбата на почетокот на мај кога бројот на објави за нови работни места беше намален за 40%.

Според главниот економист на Indeed.com, Џед Колко, позитивната статистика се должи повеќе на забавувањето на трендот во 2019 година, отколку на подобрување на ситуацијата на пазарот во 2020 година.

Најголем пад во бројот на огласи е забележан во индустриите кои се директно погодени од Ковид-19, како што се угостителството и туризмот.

Но, покрај тоа, пандемијата влијаеше и на работните места во другите индустрии. Па така, бројот на огласи за софтвер девелопери е намален за 36 проценти, додека огласите во секторот финансии и банкарство се преполовени и бележат пад од 51 процент.

 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...