Фејсбук забрани состаноци во среда за вработените да можат слободно да работат од каде што ќе посакаат

од 24HR

Компанијата сака да ја зголеми продуктивноста давајќи им на вработените повеќе слободно време за себе.

Многу работи во Фејсбук се променија откако започна пандемијата на коронавирусот. Компанијата уште на почетокот релоцираше голем дел од својата работна сила да работи од дома, а последна информација е дека Фејсбук планира 50 отсто од вработените да работат од дома во следните 10 години.

Во интервју за CNBC, Марк Цукерберг изјави дека овојпат компанија има нова политика наречена „среда без состанок“ која ќе стапи на сила веднаш штом вработените се вратат во своите канцеларии.

На овој начин, компанијата планира да ги забрани сите состаноци во среда, овозможувајќи им на вработените да работат од било каде, без да се бара од нив да дојдат во канцеларија.

Новата политика доаѓа откако на Цукерберг му станало јасно дека голем број од вработените би биле далеку попродуктивни ако работат од дома во деновите кога нема никаква потреба од нивно физичко присуство во канцеларија.

Цукерберг додаде дека Фејсбук паралелно работи и на други методи за да ги направи луѓето поефикасни додека работат од дома.

Оваа теорија има одлична смисла и покажува во кој правец треба да размислуваат компаниите од сите големини, додека работниците почнуваат да се враќаат на работа во пост-пандемичниот свет.

Факт е дека не секој може да биде најпродуктивен во канцеларија. Понекогаш, луѓето се дефокусирани од останатите колеги или имаат потреба од социјализација. Во друг случај, тие сметаат дека се забавени од големиот број состаноци на кои треба да присуствуваат и добиваат чувство дека нивната работа стои во место.

Со забраната за состаноци во среда и дозволувањето на вработените да работат од било каде, Фејсбук ги елиминира тие предизвици. Исто така, тоа може да ја подобри продуктивноста со елиминирање на времето за патување од дома до работа и назад, овозможувајќи им на вработените да имаат повеќе време за себе.

Коронавирусот нè натера сите одново да размислуваме за работата од дома. А, за вработените кои работат од дома, пронаоѓањето начини за подобрување на нивниот успех е клучно.

Малите и средните бизниси треба јасно да размислат за начините на кои можат да ја стимулираат продуктивноста на вработените и да им ги дадат сите потребно алакти за да успеат.

Забраната за состаноци барем еден ден во неделата е одлична идеја за почеток.

 

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...