Декември е месец кога секогаш се отвара еден дел од деловната година кога компаниите ги сведуваат резултатите, ги измеруваат процесите, го гледаат реалниот ефект од тимската работа и ги поставуваат темелите за стратегијата во новата година. Сè почесто HR лидерите и менаџерите признаваат дека многу од обуките остануваат на ниво на сувопарна презентација, без реален ефект врз процесите, однесувањата и секојдневната работа.
Во момент кога бизнисите бараат практични решенија, беше потребен разговор со професионалци кои ја гледаат едукацијата исклучиво како системско подобрување.
Во ова интервју разговараме со Коста Петровски и Костанца Мијалкова, двајца консултанти со извонредно длабоко и ретко комплементарно искуство и посветеност на реални и остварливи решенија кои ќе ја поддржат реализацијата на стратегијата на компанијата. Оттаму произлезе GEPEKO In-house Training Program, модел на професионален развој кој целосно се фокусира на Applied Improvement, односно знаење што се претвора во мерлив напредок.
Во време кога секоја инвестиција мора да има јасна цел и мерлив ефект, ова интервју отвора важни прашања за тоа како треба да изгледа современата обука и што навистина создава организациско подобрување. Разговорот со Коста и Констанца носи вредни насоки за секоја организација што сака да планира паметно и одржливо.
Вашите биографии носат повеќе од две децении искуство во HR, оперативен менаџмент, LEAN, трудово право, организациски дизајн и дигитализација. Како би се претставиле пред една компанија што првпат ве среќава и кои се вашите професионални вредности што го обликуваат вашиот начин на работа?
Коста: Тим со повеќе од 30 години искуство и спремност да ги пренесе своите искуства во пракса. Нашите обуки ќе внесат освежување во компаниите, во сите сектори на компанијата. Нудиме, соработка врз основа на добра пракса и целосна поддршка на примена на подобрувања, заедно со соодветните тимови на компанија.
Нашите знаења и подготвеност се создавани и градени во текот на годините како спој на образование надоградено со практично искуство.
Вие не доаѓате од исти професии, но вашите светови се надополнуваат. Тоа е редок спој кој создава целосна слика. Како првпат започнавте да соработувате и кога препознавте дека вашите пристапи и вредности можат да се обединат во еден заеднички концепт?
Коста: Се запознавме 2021 год., каде бевме вклучени во почетната фаза на една странска инвестиција. Препораките дојдоа од заеднички пријател, а преговаравме независно за различни позиции и соработки. Потоа повторно се најдовме во соработка, во 2023 и 2024 година, при што јас бев вработен како Директор на фабрика, а Костанца како ангажиран надворешен консултант за Човечки Ресурси. Повторно се работеше за странска инвестиција. При овие соработки сфативме дека го “зборуваме истиот јазик“, иако за различни области во бизнисот. Пристапот кон задачите и решенијата ни беше идентичен, па во тек на 2025 год., видовме дека со креација на заедничка програма за обуки можеме да ги споиме искуствата и да им понудиме на компаниите нешто уникатно.

Редок е моментот кога консултанти можат да зборуваат и од друга перспектива бидејќи и двајцата сте селектирале, купувале и присуствувале на голем број обуки во различни компании. Кои беа најголемите разочарувања што ги доживеавте како купувачи на обуки и што е она од тие искуства кое директно влијаеше врз начинот на кој го создадовте GEPEKO?
Коста:
- Промашени теми
- Досадни обуки
- Несоодветен пристап со: читање на презентација, немање одговори на конкретни прашања, присуство на несоодветни вработени по избор на раководството.
- Премногу теорија
- Користење на ВИ за подготовка на обуки без проверка
Костанца: Јас овде би додала, обуки кои се креирани без претходна анализа што им треба на вработените и без мерења и фидбек за ефектите од обуката. Таквите обуки се само трошок за компаниите од кој нема да има ефект.
GEPEKO не е класичен тренинг, туку интегриран систем дизајниран да го подобри начинот на кој компаниите работат одвнатре. Тој пристап ја поврзува стратегијата со организацијата, процесите, луѓето, LEAN логиката и дигиталната зрелост. Што е суштината на програмата и кои принципи ја прават поразлична од класичните обуки?
Коста:
- Во суштина одговорот на ова прашање е многу едноставен – ние ја креираме обуката по принципот “Tailor Made”. Прво разговараме и преговараме со соодветното раководство, од тој чекор креираме презентација за обуката и конкретни теми кои ќе ги разработиме со вработените, во склоп на шесте понудени модули.
- Потоа ја почнуваме обуката со ЕДНА сесија, на која ја претставуваме на вработените кои заедно со раководството се избрани за најсоодветни за обуката.
Во следните сесии, работиме со вработените на нивни конкретни потреби и заеднички доаѓаме до решенијата.
Заклучно, испорачуваме краток материјал, кој е упатство за примена на решенијата. Следат неколку сесии, кои имаат третман на аудити за подобрувањата.
Костанца: Но, нашата задача не завршува тука. Целта ни е и да му дадеме на раководството и повратна информација за работи како: изборот на вработени за учество на обука, изборот на теми, услови за обучување на вработени итн. Фидбек за се она што можеби требало да го постават поинаку. Настапуваме како партнери на компанијата до исполнување на целта.

GEPEKO има шест модули и тие се дел од еден поврзан систем. Бизнис структура, организациска структура, процеси, луѓе, LEAN и дигитализација и функционираат како делови во сложувалка. Како ги интегрирате сите модули во единствен, кохерентен процес за да постигнете „Аpplied improvement“?
Коста: Точно, сложувалка е одлична споредба. Со тоа што, во некои компании, недостасуваат некои делови на сложувалката, во други ќе се појави потреба од целосна сложувалка или прередување на постоечката (која формира некоја гротескна слика) и се појавуваат фирми во кои има потреба од мала сложувалка – односно само некои делови од целата програма.
HR денес не смее да биде администратор туку стратегиски партнер. Но за тоа, HR мора да избира програми што влијаат врз структура, процеси, перформанс и култура. Како GEPEKO може да им помогне на HR тимовите да ја трансформираат својата улогa од координација кон вистинско влијание врз организациската зрелост?
Костанца: Многу лесно. Во сите процеси, стратегии и модули централната фигура и движечка сила се луѓето. Токму затоа, HR мора да го има своето “столче” во врвниот менаџмент на компанијата. Само така и никако поинаку, HR може да придонесе во остварување на стратегијата на компанијата. На маса на која се одлучува за буџетот за развој на луѓето, HR мора да го има својот збор. Конкретно, програмата GEPEKO содржи модул People Development кој содржи сосема практични теми и решенија кои што ќе придонесат не само да се решат отворените прашања туку и да го подигнат перформансот на самиот HR тим.
Компаниите различно функционираат: производството има свои болки, услугите други, трговијата трети, итн. Но GEPEKO e програма која е адаптибилна и мерлива. Како различните индустрии може најмногу да добијат од овој модел и како го приспособувате пристапот според реалноста на специфичниот сектор?
Коста: Точно од овие причини, би се повикале на одговорот на 4-тото прашање. Пристапот со “Tailor Made” решение, во основа го диктира индустријата, пр.:
- Производствените компании, мора да дадат приоритет на Производниот сектор;
- Услужните компании, мора да дадат приоритет на вештините на комуникација и креирање на вредност на услугата;
- Трговскиот сектор, има неопходен приоритет на Секторите за продажба и Пост-продажба;
- Во секој случај, ние се фокусираме на луѓето – вработените, од едноставна причина – GEPEKO не ги обучува машините, компјутерите и алатките, фокусот го посветува на луѓето дури и со правилно користење на ВИ.
Уникатноста на GEPEKO е што не нуди „веќе видени материјали“, туку промена што се чувствува во секојдневната работа – на секоја машина, во секој процес, на секое биро. По што компаниите веднаш го препознаваат вашиот пристап и кои карактеристики го издвојуваат GEPEKO од останатите обуки на пазарот?
Костанца: Одговорот е содржан во самото прашање. Не сме типични обучувачи, туку обучувачи-имплементатори. Идејата ни е да допреме не само до менаџментот на компаниите туку и до носителите на процесите. Со нив заеднички да донесеме решенија за процедурите и активностите што ќе го подобрат нивниот процес и квалитет во работењето.
Компаниите веќе не бараат „убави презентации“, туку решенија што носат одржлив раст, процесна дисциплина и јасност во структурата. Кои трендови очекувате да доминираат во 2026 и како планирате GEPEKO да ги интегрира тие потреби во својата идна верзија?
Костанца: Би го надополнила вашето прашање со уште една ставка што стана најважна веќе и во минатиот период, повторно тргнувајќи од фактот дека луѓето се носители на сите претходно наведени. Тоа е потребата од up-skilling и re-skilling на човечкиот потенцијал, за опстанок во време на промени односно комбинација од вистинските вештини и способности за исполнување на бизнис целите. Во таа насока ќе се движи и развојот на самата програма GEPEKO. Неизбежно или непотребно е да се напомене дека ерата на забрзано користење и развој на ВИ секако ќе биде вклучено во програмата GEPEKO.
Секоја компанија во јануари ќе донесе одлука како ќе ги обучува луѓето следната година. Што би им препорачале на HR професионалците и менаџерите пред да го финализираат планот за обуки за 2026?
Костанца: Одлично прашање. Во текот на искуството како Консултант за ЧР увидов дека компаниите не се сосема отворени за промени, дури и за промени кои ќе им донесат подобрување. За тоа има и објективни причини. За имплементација на промените треба зголемување или прилагодување на буџетот што во нашата средина им паѓа тешко на голем број компании. Дел од причините се субјективни за секоја компанија но, честопати тоа се
сведува на заеднички содржател – маргинализираната улога на HR, што најчесто му служи на менаџментот за спроведување на одлуки донесени без учество на HR.
Коста: Би им препорачале на компаниите, да се отворат за поддршка на соработка со програми кои ќе придонесат за подобрување на способностите на своите луѓе од сите сектори на нивните компании. Дополнително, секторот за ЧР во компаниите ќе почне да соработува најдобро со главните процеси во компаниите. Вака оспособените вработени ќе го одведат бизнисот на едно повисоко ниво.
