Интервју со Митка Мојсовска сертифициран тренер и партнер на германската „Controller Academy“од Минхен

од 24HR
0 коментар

Зад секоја успешна жена стои работа, волја, желба за успех, но и храброст. Семејните обврски и грижата за домаќинството одат рака под рака со деловните обврски. Се работи за организација и способност да се координира сè за да не страда ниту семејството, ниту работата, а жената да биде подеднакво успешна на двете полиња. Секој момент е идеална можност за нов почеток. Најважно е во секој момент од градењето на вашиот успех да уживате во патувањето и да верувате дека трудот сигурно ќе се исплати.

За професијата зборува со посебна страст, вели дека ја радува фактот што среќава сè повеќе жени на менаџерски позиции во компаниите, успева успешно да балансира меѓу деловниот и приватниот живот, а животните лекции ѝ се најголемо животно мото – разговараме со Митка Мојсовска, тренер и консултант за имплементација на контролинг функција во организациите.

Какво беше вашето животно патување?

Во мојот случај, контролингот како инспирација се појави од финансиско-сметководствената функција, пред некои 18 години. Кога ќе погледнам на моето досегашно искуство, од оваа перспектива можам да кажам дека имав среќа да поминам низ логичен редослед на активности и акумулирано знаење поврзано со работењето во финансиите во мојата работа. Повеќегодишно искуство во сметководство и снимање деловни настани, запознавање со деловна документација, е основа на моите деловни активности денес, да се реализирам во сертифициран тренер и партнер на германската „Controller Academy“од Минхен, да бидам консултант за имплементација на контролинг функцијата во организациите, а паралелно да бидам на позиција директор за финансии во една од најреномираните дистрибутерски компании во Македонија – КОЛА.

Има една изрека I ♡ controlling, која често може да се најде по мои постови на социјални мрежи, која кажува за мојата пасија и љубов кон тоа што го работам, за мене клуч на успехот е кога човек ќе се пронајде во тоа што навистина сака да го работи и за истото ќе добие соодветен feedback од своите клиенти.  Во љубов со контролинг сум повеќе од 10 години, а пред неполни пет години добив понуда од Германската Controller Academy од Минхен да бидам партнер за Македонија, всушност тогаш и одлучив да основам своја компанија Контролинг Бизнис Центар преку која ќе ја спроведувам германската програма во Македонија.

Да се ‘’ живее од своето знаење’’ воопшто не е лесно, претприемништвото секогаш со себе носи ризик од неуспех, но потребно е да верувате во себе и во вашиот производ или услуга која ја нудите, да бидете упорни, трпеливи, оптимисти, полни со ентузијазам и континуирано да се усовршувате.

Со оглед на тоа што контролинг е специфична професија т.е активност каде се уредуваат сите деловни процеси и податоци во организациите како би можеле да се измерат главните показатели за успешно управување и да обезбеди долгорочен раст и развој…

Како тренер и консултант од областа на контролинг, со кои предизвици се соочувате и како успевате да ги разрешите?

Точно така, тешко е во една реченица да се опише што е контролинг, вообичаено кога сакам да појаснам употребувам една реченица “ компанијата да работи помалку, а да добива повеќе “ , луѓето на прв поглед добиваат впечаток дека тоа е некој систем каде што ќе се постават одредени контроли, тоа не е така, генерално контролингот е поврзан со профитабилност, вработените да знаат што работат, тоа да го прават на најдобар начин, ефикасно, ефективно и во интерес на сопствениците. Всушност од таму и почнува предизвикот со клиентите, дали се тоа компании кои сакаат да имплементираат контролинг или се поединци кои што сакаат да се информираат за Академијата за контролинг. Морам да признаам дека постои еден дел од популацијата која што се запишува на Академијата, дека се информирани што всушност значи контролинг меѓутоа ја немаат комплетната слика што све се изучува. Практично предизвикот ми започна во моментот кога го објавив конкурсот за упис на првата генерација на контролери, не бев сигурна дали ќе ги оправдам очекувањата кон партнерите од Германија, не бев сигурна дали ќе се запишат доволно учесници да се формира група на слушатели која ќе биде доволна за квалитетно изведување на наставата во групи итн. Имав голем предизвик, но верував во своето знаење и искуство, бидејќи цели пет години претходно активно работев на изучување и имплементација на контролинг во матичната компанија, понатаму во Хрватска и Германија учејќи од искусни консултанти и тренери. Се случи изненадување, првата генерација беше пополнета за многу кратко време се пријавија 13 слушатели што е одлична бројка бидејќи се работи практична настава со многу примери и групите не треба да бидат големи. Фидбекот од првата генерација беше одличен, што дополнително ме охрабри да продолжам понатаму и еве денес после пет години, комплетирани се седум генерации на контролери и едуцирани се повеќе од 100 слушатели што е значително голема бројка. Квалитетот, практичното знаење собрано низ искуството и непосредниот пристапот до секој клиент се најдобрата реклама за мене. Друг предизвик со кој се соочувам е ситација кога некоја компанија одлучува да имплементира контролинг функција? Првиот впечаток на компаниите е дека контролинг е само за големи компании, компаниите не се доволно свесни што значи процесот на имплементација, имаат само делумни познавања исто така има еден дел од компаниите кои сметаат дека ако имаат едуциран контролер тој може да ја направи имплементацијата понатаму стекнување на чувство на доверба како консултант бидејќи се анализираат сензитивни податоци т.е се поставуваат многу прашања на кои јас како консултант треба да одговорам на начин разбирлив за клиентот, ова е голем предизвик  за мене бидејќи очекувањата се големни.  Во ваква комплексна околина, како консултант мора да покажам интегритет и чувство на доверба пред секој клиент и процесот на имплементација да го презентирам на начин разбирлив за клиентот, интересно е што секој клиен е специфичен сам по себе и секогаш сум флексибилна тоа да го направам уникатно. Да не генерализирам, но мојот впечаток е дека компаниите најмногу се плашат од довербата кај консултантот дали тоа добро ќе го направи, дали има доволно познавања од таа област, дали ќе биде доверлив со се она што ќе го види во компанијата итн…. За мене ова е апсолутно легитимно бидејќи компаниите во својот развој се соочуваат со многу консултанти, понекогаш се задоволни, понекогаш малку разочарани, на пазарот не постои сито и решето кој е најдобар и од таа причина апсолутно ја разбирам нивната грижа. Во таа насока повторно ќе потенцирам дека живееме на мала територија и фидбекот, препораките од клиентите се многу значајни и ја потврдуваат нашата доверба, знаење, искуство, трпеливост и одлучност.

И за крај сакам да откријам една тајна, бидејќи работниот ден ми трае прилично  долго и секојдневно се сретнувам со секакви предизвици со оглед на тоа што паралелно работам повеќе работи, но со сличен контекст, а во различна култура, она што внимавам е секое утро да се доведам во ресурсна состојба, како би можела да се справам со секој предизвик, а за тоа ми помага еден ритуал coach state техника која ја користам од NLP.  

Што би им кажале на оние кои им треба малку храброст да си го исполнат сонот и да отворат нешто свое?

За сите оние кои се чувствуваат дека им недостига малку храброст  да  започнат својот бизнис, би сакале да ги охрабрам и потенцирам дека природно е да се појави некаква нелагодност кога човек посегнува по нешто ново, но сепак, најголемите промени и најголемите успеси обично доаѓаат кога имате јасна визија, цел, храброст и упорност бидејќи само на тој начин може да го  премостиме тоа чувство на нелагодност.

Замислете го бизнисот како патешествие. Првите чекори се најтешкиот дел. Но, со секој чекор, стапате во нови и непознати територии, учите нови работи и растете како личност и како претприемач.

Се понатаму, не заборавајте дека сите успесни претприемачи се изложени на ризик, но уште поважно е дека се искусни во управувањето со тој ризик. Не се плашете да пробате и да ги следите своите амбиции. Можеби ќе се случат неуспеси по патот, но тоа се дел од процесот на учење и развој. На крајот, ќе ги препознаете своите сили и квалитети, и ќе бидете посилни и подготвени за бизнисот кој го сонувате.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...